Јул 25, 2015

“Дневникот на лудиот“-претстава за шизофренијата на општеството

Конфликтот во секој човек, поделеноста, шизофренијата ова се клучните прашања на кои ќе се обиде да даде одговор претставата на битолскиот подвижен музички театар „Дневникот на лудиот“. Режисерот на претставата и основач на Подвижниот музички театар, Марјан Неќак вели дека идејата била да се направи нешто ново и несекојдневно. Според Неќак, претставата е актуелна и се претставува на еден специфичен аудио и визуелен начин. „Дневникот на лудиот“ е еден текст кој е многу провокативен кој иако е напишан пред 200 и нешто години е ужасно актуелен. Гогољ со тој текст сака на некој начин да не раз…

Јул 1, 2021

Започна отстранувањето на платформите од објектите на плажите кај Даљан

Утрово на својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски напиша дека деновиве се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Потоа следи расчистување на теренот. ?️Туристите и на овој потег наскоро ќе добијат чисти плажи и повеќе простор во езерските води, додава Георгиевски. Општина Охрид продолжува со ослободување на плажите од бесправните платформи.

Јул 24, 2015

Руинираните објекти во Охрид детектирани како критични места

Шприцеви, игли, шишиња од алкохол, срчи и еден куп ѓубре, кријат неколкуте руинирани објекти кои се оставени на забот на времето во Охрид. Таквите локации веќе се детектирани и познати на надлежните како критични места, собиралишта на наркозависници. Стариот отпад, поранешниот „ Тафтинг“ кај чинарот во Горна влашка маала, карабината до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ зад скалестата зграда, објектот на стариот авто-сервис на улицата „ Кленоец“ , се само дел од критичнте места каде најчесто се собираат наркозависници и препродавачи на опијати. Граѓаните посто…

Јул 24, 2015

Вечерва на Охридско лето Битолскиот народен театар

Најкомплексната трагедија на Вилијам Шекспир, „Антоние и Клеопатра“, вечерва, премиерно, на фестивалот Охридско лето ја носи Битолскиот народен театар. Во превод на Драги Михајловски оваа театарска претстава првпат ќе се изведува на македонски јазик а е во режија на нашиот пријател и гостин од Америка, од Санта Барбара, Калифорнија, Џон Блондел, вели директорот на театарот Благој Мицески. Битолскиот театар традиционално учествува на фестивалот, но годинава на 55-то издание прв пат настапуваат на сцената Долни сарај, од која се воодушевени. Благој Мицески – директор на Битолски театар: „Прв…

Јул 24, 2015

Jапонските експерти утврдија дека колекторскиот систем е во незавидна состојба

  Колекторскиот систем кој е изграден пред неколку децении е деградиран, оштетен и итно е потребна негова надоградба, реконструкција и ревитализација, покажаа направените испитувања од страна на јапонски експерти. Нацрт финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, како и мерките кои се предлагаат за негова реконструкција денеска ставен на маса пред стручната јавност, надлежните институции и претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија Проаква и Нискоградба и министерството за екологија. На извештајот му претходеа повеќе месечни испитувања вршени о…

Јул 24, 2015

Увид на приговорите од државната матура

Денес во Државниот испитен центар ќе се реализира генерален Увид на сите пристигнати приговори од полагањето на државната матура.Прелиминарните резултати од екстерните испити од државната матура беа доставени до училиштата и објавени на 14-ти овој месец. Освен тоа, секој кандидат можеше за сопствените резултати да се информира и на веб страната за државната матура www.matura.gov.mk.– Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена. Вкупно беа доставени 505 приговори и истите беа разгледани и решени од страна на предметни комисии з…

Јул 24, 2015

Збогатен книжниот фонд на градската библиотека

„Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека.Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.  

Јул 23, 2015

КУД Отекс ќе го претстави македонскиот фоклор на меѓународен фестивал во Германија

КУД Отекс од Охрид, фолклорното друштво со 33 годишна традиција со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија. Овој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс се претставил веќе четири пати. Денес на дво-неделна турнеја замина помладиот, втор состав на ансамблот кој ќе се претстави со поголем дел од нивните кореографии. Фолклорните ансамбли и културно уметничките друштва се симбол на македонската култура и уметност, но и амбасадори и презентери на македонското фолклорно творештво…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top