Авг 3, 2015

Градежните активности во градов, ќе бидат интензивирани по завршувањето на летната сезона

Интензивирање на градежните активности околу инфраструктурата по завршувањето на летната туристичка сезона. Градоначалникот Бакрачески вели дека претежно ќе биде работено на разубавување на градот во делот на инфрастуктурата која му е потребна на Охрид. Реализацијата на најавените проекти кои ќе бидат финансирани дел од кредитот од Светска банка, дел од буџетот на локалната ќе биде интензивирана од септември. „Ќе се градат вкупно 5 кружни токови, ќе се продолжи патеката кон х.Парк, претпоставувам ќе завршат и проектните задачи за реконструкицја на кејот, на охридскиот кеј и за изградба на …

Авг 3, 2015

Добро познатиот македонски бренд „Зегин“ од сега ќе се грижи и за здравата исхрана на охриѓани

Маџун, мусли, органско млеко, зачини, органски тестенини, засладувачи, ова е само дел од асортиманот кој охриѓани можат да го видат и купат од првоотворената продавница за здрава храна на еден од најпознатите македонски брендови, семејните аптеки „Зегин“. Во очи големиот празник „Илинден“, беше отворена првата во редот продавници за органска био храна на „Зегин“. Ова според основачот на компанијата, Благој Механџиски, е само доказ за успехот кој бил постигнат благодарение на трудот, упорноста и посветената работа. „Со пет души почнавме, а еве се гордееме што направивме. Од нула сме направи…

Авг 3, 2015

На Охрид му е потребен ургентен центар

Во Охрид како туристички центар, новото време на живеење ја наметнува потребата од формирање на ургентен центар во Охрид, вели Љубен Арнаудов директор  на Општа болница. Досегашните анализи на охридската болница  покажуваат дека Охрид има потреба од една ваква установа, додава Арнаудов. Екипи со специјалисти за ургентна медицина, при  брзо интервенирање  ќе дијагностицираат и ќе интервенираат кај пациентите. Тие ќе ги упатуваат  пациентите дали им треба понатамошно лекување или ќе бидат пуштени дома, напоменува д-р Арнаудов. Иницијативата за ургентен центар треба да ја потегнат охридските с…

Авг 2, 2015

Пронајден давеник во Охридско езеро

Вчера вечер ,околу 20.00 часот,во водите на Охридското езеро во непосредна близина на комплексот „Парк “ е пронајден удавен Гоце И. (46) од с.Живалево-Кратово. Истиот во 18.00 часот бил пријавен за исчезнат. Причините за овој настан засега се непознати, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Авг 1, 2015

Едриличарите од Охрид подготвени за илинденската регата

Охридското езеро утре ќе белее од едрилици. Се е подготвено за  традиционалната 46та по ред илинденска едриличарска регата. Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска, како што појасна претседателот на ЕК „Бофор“ и тренер во „Акватика“, Славчо Мошоски. „За ова натпреварување се подготвуваме веќе три недели, во тој период имавме школа за едрење, во која што школа поминаа 25 деца и најд…

Авг 1, 2015

Колекторска шахта го поплави патот накај хотел Парк

  Дефект на колекторскиот систем целосно поплави дел од патот од потегот кај плажата Бела Виста накај хотелот Парк. Минувачите на пат кон плажите кога ќе стигнеа до езерцето формирано од нечиста колекторска вода се враќаа назад. Оние поупорните прескокнуваа по дрвени палети за да поминат по патот. Од дежурната екипа на МЈП Проаква Работна единица Водовод Охрид, велат дека станува збор за прелевање на колекторска шахта поради запушена канализација од колекторскиот систем.  Додаваат дека нивните екипи како и екипите на ЈП Нискоградба Охрид, работат на отстранување на дефектот, но не можеа со…

Јул 1, 2021

Утре се отвора градскиот базен „Атина Бојаџи“

Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен. Градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 – 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 – 20 часот за сите рекреативци. Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари. ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на пли…

Авг 1, 2015

Охрид и Струга подготвени за ЕП во кошарка за кадетки до 16 години

При крај се подготовките за почетокот на европското првенство во кошарка за кадетки до 16 години. Охрид и Струга ќе ги пречекаат дваесетте европски кошаркарски репрезентации кои ќе се борат за пехарот и европскиот трон. Претседателот на организациониот одбор, Абдураим Бајрактар вели дека сите подготовки се движат според предвидениот план, обезбедни се салите каде ќе се играат натпреварите, како и сместувањето на репрезентативките. Според Бајрактар ова европско првенство е одлична можност да се покажеме како добри домаќини.„Прво имаме дваесет учесници, тоа е една сериозна прилика за целиов р…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top