Авг 5, 2015

„Бука“ во три угостителски објекти во Охрид, поголема од дозволената

Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид изминативе денови ги изврши самостојно но и во содејство со надлежните инспекциски служби од локалната самоуправа.Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди.Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти односно побараа…

Авг 5, 2015

Свечено доделување на дипломите на охридските гимназијалци

Во чест на генерацијата матуранти 2014/15  Ве покануваме  да Денес во училишниот двор при ОСУ  „Св. Климент Охридски“ Охрид  ќе се одржи свеченото доделување на дипломите на матурантите од охридската гимназија.На церемонијата свое обраќање ќе има Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески како и директорот на гимназијата. Интересен дел од програмата ќе биде и видео презентацијата на класовите.  

Јул 1, 2021

Огласите за вработувања во Општина Охрид се дел од годишниот план за вработување

Поради ненамерен технички проблем 60-та седница на Општина Охрид се одржа без да бидат известени медиумите и граѓаните, велат од Локалната самоуправа. Од вчерашните точки предвидени на дневниот ред, дискусија предизвика гласањето на измената на годишниот план за нови вработувања во општината. Координаторот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска вели дека не го поддржуваат целосниот годишен предвиден план за нови вработувања и од кога е донесен апелираат да се намалат вработувањата во Општината, на кој апел од локалната не се одважиле. Што се однесува до измената на вчераш…

Авг 5, 2015

30 дена притвор за прилепчанец и скопјанец

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Нив одредена им е мерка притвор до 30 дена.Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети “Екстази “,опојна дрога “Амфетамин“ и “Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид но и на други лица- туристи а посебно на лица посетители на техно забави кои с…

Авг 4, 2015

Туристи има ама промет во охридската чаршија нема

Охридската чаршија викендов што помина беше преполна со туристи. Како што се вели да нема игла каде да се фрли, но тоа не ги наполни касите на дуќанџиите.  Посетивме повеќе дуќани, занаетчиски работилници, сувенирници и продавници за накит. И секаде ја слушнавме речиси истата приказна. Велат туристите повеќе шетале и разгледувале одошто купувале. Во градов посебно во викендите најмногу се застапени туристите од помладата генерација, а тие немаат намера да купуваат по дуќаните туку пред се се дојдени за забава по плажите, кафулињата и ноќните клубови, велат сопствениците на дуќаните во чарши…

Авг 4, 2015

Владата додели по 30.000 денари помош за настраданите од невремето во Тетово

Утре и задутре,  ќе бидат прогласени  денови на жалост по синоќешното невреме кое одзеде четири човечки животи, а според првичните проценки во тетовско штета претрпеле и околу 200 објекти. Според, изјавата на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вчерашното невреме е една од најголемите несреќи во градот под Шара во последните 30 години.  Владата на денешната вонредна седница посветена за состојбите во Тетовско донесе одлука државата на настраданите семејства да им исплати еднократна парична помош од по 30.000 денари.  Специјална Комисија ќе ја проценува состојбата со оштетените имот…

Авг 4, 2015

Охридските автопревозници ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз

Автопревозниците од Охрид ги добија дозволите за вршење на линискиот превоз од населените места до Охрид, и обратно од Охрид кон приградските и селските населби. На јавното наддавање кое за прв пат беше спроведено по електронски пат во општина Охрид, се наддавало за вкупно 11 автобуски линии на територијата на целата општина. Во наредните пет години, општинскиот линиски превоз ќе го спроведуваат четири компании за превоз на патници. „Конечно денеска заврши јавното наддавање за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз, односно дозволи за компании кои вршат превоз на патници…

Авг 4, 2015

Станковски, ВМРО-НП: На Охрид потребен му е Дом за млади

На Охрид повеќе од потребен му е Младински културен центар, или Дом за млади. Еден таков објект каде младите би одржувале културно- забавни настани, изложби, работилници слично за жал во нашата општина нема, констатира советникот на ВМРО – НП, Јоне Станкоски. Од тука, Станковски излегува со предлог иницијатива до Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески. Еден од руинираните објекти, кои се ругла во вистинска смисла на зборот, места каде преспиваат бездомниците но и собиралишта на наркозависници, кои се проблем за околината и градот, е и поранешната згарда на МРТВ.„Оваа иници…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top