Уличното осветлување затајува во неклку градски и пригардски населби.Жители од улиците Дејан Војвода, Карпош Војвода, Подмоље, Елешец, Долно Лакочереј и Лагадин се жалат на мрак во нивните населби. Поплаки и барања за интервенција за поправка на уличното осветлување стигнале и до Секторот за комунален развој и сообраќај. Од таму уверуваат дека екипи од нивното одделение и од јавното приватно партнерство се веќе на терен и работат на одстранување на проблемите.„ Станува збор за дефекти со напојувањето и со дотур на електрична енергија.Но и за тековни работни активности, менување сија…
Вакцина против стрептокока. Имунизацијата против бактеријата стрептокока, може да се направи и на охридското одделение за вкцини при Заводот за здравствена заштита. Оваа вакацина сеуште не е задолжителна но е бесплатна. Истата стана достапна за деца од 6 недели возраст до полни 5 години. Како што изјави д-р Зора Димитриевска, нивните сознанија говорат дека оваа популација најчесто заболува од болестите предизвикани од стрптококус пнеумоние.„Сите родители кои се заинтересирани да ги вакцинираат децата со пнеумококна вакцина слободно да се јават во одделот за имунизација да се пријават во нај…
На 14-ти август во охридското село Велестово, со почеток во 21.30 часот, по 27-ми пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид.Традиционално, покрај поетскиот портрет на еден наш истакнат поет, ќе биде одржана и ликовна изложба. Оваа година во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики ќе се престави Литов НамдагЈанчивин од…
Времето денес во Охрид ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Утре променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови ќе има слаб локален дожд.
И ова лето во Охрид не изостанаа физичките пресметки меѓу туристите, но и меѓу локалното население. Само за викендов биле регистрирани две тепачки во коишто биле повредени повеќе лица. Во саботата во раните утрински часови во полиција бил пријавен инцидент во кафуле на плажа. Околу два часот еден од гостите се качил на маса и почнал да игра, по што влегле непознати лица облечени во црни маици со натпис “Кадмо” го фатиле за кошула и го извлекле надвор. Малдото момче од Љубаништа добило удари по главата и телото, а не била поштедена ниту девојката која била со него и која насилно била исфр…
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир.
На средбата беше разговарано за прогресот на активностите што се преземени од претходната нивна средба до сега. Евроамбасадорот уште еднаш ја нагласи својата поддршка и ги поздрави сите напори на Локалната самоуправа во насока за зачувување на статусот на УНЕСКО „Природно и културно наследство на охридскиот регион“.
Годинешната награда Живко Чинго оди во рацете на авторот за расказот „Мојата куќа во Крст џамија“ под шифра Куќа. Вака одлучи стручното жири, во состав од охридските книжевници, Смиле Наумоски, Милчо Јованоски и Тоде Илиески . До членовите на Комсијата за избор на најдобар расказ пристигнале 73 наслови. Тие имале тешка и одговорна задача од пристигнатите раскази да го изберат најдобриот, па во потесен избор селектирале 5 раскази, информира книжевникот Смиле Наумоски. Претседателот на комисијата Смилевски појаснува дека расказот „Мојата куќа во Крст џамија“ се чита во еден здив. „Од п…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Р.А.(22) и Е.К.(19) двајцата од Скопје, поднесе кривична пријава.Пријавените, казненото дело го извршиле на деветти овој месец околу 17 часот и 30 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Настанот се случил во момент кога полициски службеници вршејќи контролата на сообраќајот прописно сопреле патничко моторно возило марка „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблици и од возачот Р.А. побарале возачки документи. Во следниот момент, двајцата пријавени верб…