Охриѓани три дена во ритамот на кубанската салса. Нашиот град, доживува автентично кубанско доживува благодарение на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, „Хола Охрид“. Тринаесет артисти ќе ги пренесуваат техниките и тајните на салсата, румбата, регетон, руеда де касино на околу двестоте учесници на овој несекојдневен фестивал.
„Чувството е прекрасно, луѓето се прекрасни, се надевам дека во иднина ќе продолжи истиот да се одржува и да прерасне во поголем фестивал во кој луѓето ќе можат да уживаат во различните култури. Ние танцуваме со срцето и тоа се обидуваме да ги научиме наш…
Православните христијани денес го слават денот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец.
Потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, заминал во Велики Преслав, а оттука во Охрид, каде му се приклучил на Св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.
Св. Наум бил еден од основачите …
Македонија во интензивни комуникации со соседните земји, Европската Унија и Обединетите нации со цел справување со големиот наплив на мигранти на границата со Република Грција. Драстичното зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија од петстотини на 3000 лица дневно, ги стави на тест македонските институции во справувањето со овој сериозен проблем. Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, помошта која досега ја добиле од меѓународниот фактор, односно Европската Унија е симболична и дека најголеми…
Опел Олимпија од 1952 година со охридски регистарски таблички беше најстарото возило на Ревијaлната изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ Охрид 2015. Дождот кој денес напладне паѓаше во Охрид не ги попречи триесетината сопственци на ретки стари автомобили да се провозат од Охрид до Пештани. Љубителите на раритетните автомобили кои многу внимателно се грижат за своите миленици на четири тркала гордо ги изложија возилата на градскиот кеј. Александар Димушевски организаторот на ревијата на олдтајмери Охрид 2015 цврсто верува дека ова ќе стане традиција во Охрид.„ Има интересни и убави мод…
Кравјо, козјо и овчо сирење, урда, изварок, но и црно и бело автохтоно вино како и други производи од охридско можат да се вкусат на дводневниот фестивал „Вино и сирење“ што се одржува во Охрид. Од синоќа, вкусното сирење залеано со прекрасно домашно вино ги разбуди гастрономските сетила на посетителите на фестивалот. Покрај вино и сирење, можеа да се вкусат и мед, зеленчук и овошје, но и карактеристичниот специјалитет за ова поднебје- ѓомлезето. Од фестивалот „Вино и сирење“ задоволни се и продавачите и посетителите. Охриѓани и гостите кои престојуваат на охридското крајбрежје го позд…
Секое дете заслужува љубов и топол дом. Оние кои немале среќа да растат и живеат со своите родители се несреќни и тажни и најчесто го одбираат погрешниот пат во животот. За среќа во Охрид има две згрижувачки семејства кои се одлучиле ширум да ги отворат вратите за децата кои имале лоша судбина. Домот на Татијана и Климе Достиноски од Велгошти сега е дом и на трите братчиња кои поради нарушени односи во семејството останале на улица. Тие пред речиси една година биле донесени во ова згрижувачко семејство во многу лоша состојба. Гладни, голи и боси, валкани и преплашени од неизвесноста се засо…
Скопјанката Јаворка Стевановиќ Димоска е гостинка која со години доаѓа во кампот Извиднички на Охридското езеро. Раскажува дека два месеци во годината со семејството поминуваат на крајбрежјето. Вели задоволни се од близината на кампот до градот и од убавината на езерото. Главна забелешка и она што им пречи на камперите од Извиднички е приодот кон кампот. Taa напоменува дека во најскоро време приодот треба да се направи.
„Би било убаво да се направи една патека капините да се расчистат.Тие се чистат секоја пролет,но капината се шири. Во август не може да се помине. Опасно е јас пазарува…
Локалната и Секторот за туризам и локален економски развој, решение за проблемот со приватните станоиздавачи во колективни станбени згради ќе бараат во Собранието на Република Македонија. Од ТЛЕР велат дека почетокот на летните одмори ја ограничил нивната можност за институционално дејствување со цел да им се излезе во пресрет на станоиздавачите кои издаваат легла во станбени згради.
„Во соработка со пратениците од Охрид, ние подготвуваме амандмански измени за тие точки од Законот за угостителска дејност кои ќе пробаме на исти начин да ги издејствуваме како што беше случајот и со кајчарите…