Авг 25, 2015

Јапонци се шетаат низ охридските сокаци

Охрид привлечна дестинација за гостите од истокот. Туристи од Јапонија, Кина, Тајван, Тајланд ова лето се шетаат низ охридските сокаци. Туристичките водичи задоволни од посетеноста на градов и од разноликоста на гости кои доаѓаат. Велат дека од април имаат тури со туристи од овие далечни земји кои го откриле Охрид како привлечна дестинација.Самите културни вредности кои ги имаме на град кој е под заштита на УНЕСКО, околината на Охрид, самото Охридско Езеро и ретките природни убавини кои сеуште се недопрени од човечка рака се она што ги привлекува гостите од источните земји, вели Марина Илие…

Авг 25, 2015

Охриѓани со 99 идеи за подобар Охрид, скоро половина од нив прифатени од локалната

Чешма за вода и клупи во градскиот пазар, уредување на постоечкиот или изградба на нов јавен тоалет во неговите рамки, изведба на јавни тоалети во Стар град и на кејот „Македонија“, организирање на саем за занаетчиство, уредување нова градска плажа. Ова се само дел од оригиналните предлози кои охриѓани ги споделија со локалната самоуправа во рамки на „Денот на идеи“ кој се одржа на 12ти јуни. На иницијатива на градоначалникот, била формирана специјална стручна комисија која имала за задача да ги разгледа и оцени доставените предлози. „По одржани неколку состаноци на истата од вкупно достав…

Авг 25, 2015

Нов пад на цената на бензините

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два денара.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 ден/лит. Еуродизелот ќе се продава по 49 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство за 37,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 ден/кг и ќе изнесува 20,760 ден/кг.

Дек 26, 2021

70-годишен охриѓанец агресивно се однесувал кон полициски службеник во Струга

На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид. Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Авг 24, 2015

Зголемен број на туристи во градов во јуни, резултатите од остатокот од сезоната допрва ќе се сумираат

Охрид годинава со зголемен број на туристи и остварени ноќевања во првиот месец од летната туристичка сезона. Ова го говорат официјалните податоци за бројот на регистрирани туристи и остварени ноќевања објавени од Државниот завод за статистика. Во јуни годинава, Охрид го посетиле 21.772 туристи, а биле остварени вкупно 62.040 ноќевања. Во истиот период лани, биле регистрирани 19.519 туристи, и остварени биле 56.363 ноќевања. Овие бројки се причина за оптимизам кај Секторот за туризам и локален економски развој, бидејќи според нив, токму за месец јуни го очекувале најголемиот број на откажув…

Јул 3, 2021

Марко Пејчиноски плива до Свети Наум

Марко Пејчиноски утрово тргна во нов подвиг. Негова цел е да ја преплива делницата од Градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје. Младиот херој Марко одлучи да плива во чест на големиот светец, Свети Наум. – Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Свети Наум Охридски, за здравје на сите нас, објави тимот што го прати подвигот на Марко. Инаку, Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум-Охрид. Подвигот го направи во 2018 година кога имаше само 12 години.

Авг 24, 2015

Охридскиот веслачки клуб Југ по 8 децении деновиве може да згасне

Веслачите од охридскиот клуб од државниот натпревар кој вчера се одржа на  Дебарското езеро се вратија со 8 први места во севкупна конкуренција. Меѓу најдобрите охридски веслачи од овој клуб се Ана Димоска и Петар Павлоски кои освоија први места во скиф и дубл скул. Димоска и Павлоски, надежните веслачи  тренират повеќе од три години во клубот и се вљубеници во овој спорт.Успехот најдобар државен  клуб се поматува со можноста најстариот веслачки клуб Југ  да згасне. Веслачите да бидат иселениод хангарот каде што се сместени повеќе од 8 децении и да ги загубат кајчињата и веслата. Клубот Југ…

Авг 24, 2015

Бесплатни курсеви по Англиски и Италијански јазик во Црквата „Света Богородица“ – Каменско

Црквата „Света Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик. Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во втроник со почеток во 18 часот.Курсевите започнуваат од 1 септември а ќе се одржуваат во просториите на црквата.Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата или на телефон 046 267 832 или на 078 330 394.  
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top