Сеп 11, 2015

Антовски: Во Македонија нема социјален дијалог туку социјален монолог

Долги години во Македонија од осамостојувањето до сега нема социјален дијалог туку социјален монолог. Жалосно е што партнерите кои што треба да го спроведуваат социјалниот дијалог не го прават тоа туку сосема други, истакна претседателот на УНАСМ Слободан Антовски. Тој нагласи дека неможноста да се спроведе социјален дијалог негативно се отсликува на сите нивоа, бидејќи на маса седнуваат структури на кои не им е грижа за работничката класа, па тоа е причината што младите бегаат од земјава бидејќи минималната плата која ги очекува не им нуди ништо освен гол живот. Антовски смета дека можеби …

Сеп 11, 2015

Светски ден на првата помош

По повод Светскиот ден на првата помош, 12-ти септември општинската организација Црвен крст во текот на утрешниот ден ќе организира низа настани.На плоштадот „Свети Климент Охридски“ од 10 до 15 часот ќе се одржи презентација на вештини за укажување на прва помош.-Екипи на Црвениот крст составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери ќе ги презентираат најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите оние посетители кои ќе дојдат на овој настан ќе можат и да ги пробаат тие техники и вештини на специјалните помагала кои ќе ги имаме на располагање и секако да дознаат пове…

Сеп 11, 2015

„Вози трезен-стигни жив“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира  кампањата „Вози трезвен-стигни жив“.На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење на пригоден едукативен ма…

Сеп 11, 2015

Комуналец ќе подига кабаст отпад во центарот на Охрид

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Македонија“; и нас.„Охридати“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да мо…

Дек 26, 2021

Охриѓанец агресивно се однесувал кон полицаец во Струга

На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид. Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Сеп 10, 2015

Доделени дипломите на втората генерација дипломци од Универзитетот Св. Апостол Павле

45 студенти од втората генерација на универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ денес ги добија своите дипломи. Доделувањето на дипломите беше навистина посебно доживување и за првиот воопшто магистрант на овој универзитет, м-р Љупчо Балески кој магистрирал на студиите за информатички науки и технологии. Денешната свечена церемонија на доделување на дипломите воедно претставуваше и топло добредојде за новозапишаните студенти кои ги поздрави и заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. Според ректорот на универзитетот, Нинослав Марина, тенденцијата за стаби…

Јул 6, 2021

Забава за паметење на охридските матуранти

На почетокот од настанот градоначалникот Георгиески ги поздрави присутните, а на матурантите им посака понатамошен успех на секое поле во животот. – После напорното учење во изминатиов четиригодишен период и надминување на сите препреки со кои сте се соочувале, завршивте една етапа од својот живот носејќи со себе убави спомени. Веќе сте подготвени за многу поголеми животни предизвици кои ве очекуваат. Јас сум сигурен дека во вас се поставени цврсти темели на знаењето со кои сигурно ќе зачекорите во наредните етапи  од животното патување. Вечерва ми е чест да го изразам мојот понос за вашит…

Сеп 10, 2015

1 милион и 700 илјади евра од Фондот за иновации за сите иновативни поединци кои имаат идеја

Фондот за иновации и технолошки развој со нов јавен повик за сите што имаат добри, иновативни идеи, а немале финансиска можност да ги реализираат. 1 милион и седумстотини илјади евра во вкупно три програми на фондот ќе треба да ја дадат иницијалната каписла, на сите оние иновативни идеи кои досега не успеале да излезат како реален производ на пазарот. Денес во просториите на општината Фондот одржа еден вид работилница со цел да се подготват сите заинтересирани за процесот на аплицирање на следниот јавен повк за иновации кој ќе биде објавен. Креативните луѓе ќе имаат можност да ги реализираа…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top