Самостојните уметници опфатени дури во четвртиот пакет мерки, ќе добијат финансиска помош за три месеци од државата. Повикот за поднесување барања завршува утре. Месечниот нето-износ ќе биде од 14.500,00 денари до 21 500, зависно од остварените приходи во текот на 2020година.
Уметниците велат уметноста не е на заслуженото место. Продажбата на нивните вредни дела е драстично намалена. Творат, но нема побарувачка на уметничките творби.
„Сегашнатасостојба знам дека е кризна како и за сите дејности така и за уметноста но државатамора да застане позади уметниците малку посериозно да ја преброд…
Вокс Лихнидос, градскиот мешан хор нижи успеси и го зацврстува своето реноме на музички план дома и надвор. Охридските хористи се активни и учествуваат на музички меѓународни и домашни натпревари и во ова специфично време на живеење. Пробите ги работат он лине од дома, преку зоом платформата, појаснува Бурим Хидри диригент на градскиот мешан хор Вокс Лихнидос. Со новиот начин на работа пеењето е поинакво, но добиваме нов квалитет кај членовите, појаснува охридскиот професор по музика.
„Секој хорист мора да покаже индивидуално што знае и да се потпре на сопствените квалитети. Тој пристап е …
Центарот за Југозападен плански регион поднесе два регионални проекти за финансирање на 9те општини од Програмата за рамномерен регионален развој. За 2021 година има на располагање средства во висина од 41 милион денари. Прифатени се проекти од 4 општини за подобрување на енергетска ефикасност на објекти и за 6 општини за подобрување на патната инфраструктура и економскиот развој. Од општина Охрид се прифатени по еден проект од двете области за користење средства од Програмата за регионален рамномерен развој, инфромира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за Југозападен плански регион. М…
Во текот на изминатото деноноќие (17/18.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 607 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Од денеска почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот.
Со мерките кои ќе бидат во сила до 20-ти јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18:00 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници. Овие мерки, според надлежните, имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од COVID-19 во престојниот период на празници, јави МИА.
Мерките не дозволуваат ниту организирање Нова Година на отворен…
Водостопанство на РСМ, подружница „Црн Дрим“-Охрид, деновиве работи на чистење на каналите за иригација во регионот на Струга. Моментално се чисти каналот Мулузија и каналот од с.Мислешево до реката Црн Дрим водолжина од 1600м.
Досега се отстранети околу 4.800м³ нанос од каналите.Пред две години неколку населби останаа под вода, поради обилни врнежи од дожд и снег. Овој проблем во Струга е децениски, бидејќи дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода.Поради тоа пред почеток на сезона на врнежи, се пристапи кон чистење на мрежата канали.
Jazz Inn и Никола Тодороски организираат незаборавен настан „Best of Stand up“. Стендап комедијата е закажана за петок, 19-ти ноември.
Повторно го враќаме жарот во најдобриот клуб за стендап комедија на овие простори. Не пропуштајте час и кусур интензивна стендап комедија – велат организаторите.
Учествуваат : Јован, Братучед, Коле, Ико, Зок.
Билети може да резервирате на телефонскиот број : 075 283 066. Во претпродажба 250 ден, а на денот на шоуто 300 ден.
Шоуто започнува во 20:00 часот.
Познати српски агенции на големо го нудат Охрид за дочек на 2021 година по дисконт цени. Скандалозно е тоа што во програмата на петдневното патување со автобус се нуди богата забава и журки во угостителскиобјекти. Во понудата стои: дочек на Новата година во познати клубови и ресторани, афтер забави со ди џеи на бродови, дневни журки, посета на културно историските знаменитости со водичи и сето тоа за 49 евра.
Но, со новите рестриктивни мерки, кои стапуваат на сила од утре угостителскитеобјекти ќе работат само до 18 часот, а забрането е групирање на отворено иорганизирање забави.
-„Знаете …