Во Охрид денес беше презентирано најголемото дело на христијанството. Во Конгресниот центар на УКИМ беше промовирано специјалното издание на досега објавените 38 тома од овој голем проект, „Православна ециклопедија”, дело посветено на православието во светот. Пред нас стои грандиозно, историско дело каде ќе биде поместен актуелниот живот и статус на МПЦ,Охрид и охридската архиепископија, што е од големо значење, како што истакна г.г. Стефан, архиепископот охридски и македонски. „Набрзо следи томот односно обработката под буквата „М“, а потоа и под буквата „О“, томови во кои посебно место ќ…
Потегот на улицата Крум Точков, во пределот помеѓу Калето и реката Грашница е оставен и претворен во целосна депонија каде се остава отпад од секаков вид од страна на несовесните грагани, реагираат граѓани.Во допсито кој пристигна до ТВМ револтираните граѓани реагираат дела на овој потег освен мештаните секојдневно минуваат и туристи кои се сместени во хотелот Мизо, а дека оваа глетка и смрдеа претставува вистинска срамота за нашиот град. Револтирано велат дека не се должни да газат низ фекалии и отпад за да стигнат до крајбрезјето кое е само на 50м одалеченост.
Во тек се низа градежни активности на јавното претпријатие „Нискоградба“ на Булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“. Како што информираат од претпријатието, градежните активности опфаќаат поставување на цефководи за спроведување на водите во шахтите за одведување на атмосферски води, приклучок и тампонирање на улицата.Од „ Нискоградба“ потенцираат дека активностите се подготовка за отпочнување на работата на новиот кружен тек кој ќе се изведува на тој потег.
На 5-ти јули 2021 година, во 21:20 часот, во СВР Охрид, од Општа болница Охрид пријавено е дека кај нив бил донесен повреден 40-годишниот Т.Ч. од Република Албанија кој, по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.
– Од преземените мерки на 6-ти јули 2021 година во присуство на Јавен обвинител, инспектори од Државниот инспекторат и полициски екипи, констатирано е дека Т.Ч. бил шумски работник, кој со повреди се здобил извршувајќи работни задачи за сеча на дрва во месноста „Грагорица“, во атарот на охридското село Свиништа, информираат од СВР Охрид.
Младите угостители од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освоија сребро во три натпреварувачки дисциплини во конкуренција на 12 средни училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија на четвртите меѓунродни Гастрономско-туристички средби -„ГАТУС 2015“ кои на крајот на септември се одржаа во Македонски Брод. Ова признание за нив е голем поттик за уште повеќе да се вложат и да се усовршуваат во насоката која ја избрале.Ова искуство за мене е прво но нема да биде единствено. Ќе учествувам и на други натпревари бидејќи на нив може многу да се научи, вели една од доб…
Тендерот за купување на возила за собирање на комунален отпад заврши но сеуште не се знае кога ќе пристигнат во ЈП Комуналец. Целата постапка за набавка на возилата се води преку Локалната самоуправа и ние не можеме да кажеме кога тие ќе бидат донесени, информира Миле Ристески координаторна РЕ Механзиација. Застарениот возен парк треба да се обнови со 4 комунални возила и една рачна метачка за собирање на ситен отпад, вели Ристески.При тоа кажува од какво значење ќе бидат за пертприајтието кое се грижи за одржување на градската чистота.„Од една старна овие 5 возила од економски аспект…
Во организација на Локалната самоуправа, денеска на Самоиловата тврдина во Охрид беше одбележана 1001-годишнината од смртта на Цар Самоил. По тој повод пред учениците од историската секција на охридските основни училишта беше одржан истриски час. Како што истакна проф Коста Лазарески денешниот ден е од посебно значење за Охрид, местотo каде што била една од престолнините на Самоиловата држава. Додаде дека децата имале можност да научат нешто повеќе од она што го пишува во учебниците по историја.„Цар Самоил е еден од четворицата синови на Никола и тој за разлика од сите браќа останале само т…
Одделенијата за Агенцијата за катастар на недвижности и одделенија на Управата за имотно-правни работи во Охрид и Струга на 15-ти и 16-ти октомври 2015 година ќе ја спроведат акцијата „Отворени денови“.Акцијата која ќе се реализира во периодот од 9 до 17 часот има за цел да им овозможи на сите граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот и имотно правните односи да се обратат за помош, но и да поднесат свои предлози и идеи за подобрување на работата на подрачните одделенија.Акцијата „Отворени денови“ во наредниот период ќе се реализира во сите градови каде што функционираат п…