Фев 23, 2022

Од утре започнува исплатата на пензиите

Владата на последната седница ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 01 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година. Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во 4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток); За пензии со висина 1…

Окт 19, 2015

Дел од дијабетичарите реагираат на снабдувањето со инсулински пенкала

  Некои дијабетичари кои се на инсулинска терапија се загрижени за своето здравје бидејќи добивале  помал број на иснулински пенкала од пропишаните. Реагираат дека им се мери буквално секоја капка  инсулин. При тоа никој не предвидел дека  невозможно е инсулинот да се прими точно до капка за да им стигнат месечно сите препишани пенкала, велат пациентите кои имаат ваков проблем. Некои се жалат и на промената на инсулинската терапија. Овие тврдења на дијабетичерите  ги проверивме во Центарот за дијабетес при Општа болница Охрид. Интернистот, д-р Лилјана Анѓелеска од овој центар објаснува  де…

Јул 9, 2021

Изгаснат пожарот кај Андон Дуков

На 8-ми јули 2021 година во СВР Охрид е пријавено дека во 14:40 часот настанал пожар во овоштарник, лоциран кај авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид, во кој биле опожарени овошни садници и ниско стеблеста вегетација. – Пожарот, во кој нема повредени лица е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. 

Окт 19, 2015

СДСМ: На последната седница на советот владејачкото мнозинство донесе две штетни одлуки за граѓаните на Охрид

Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет дека на последната седница донело две штетни одлуки за граѓаните на Охрид без да ја консултира јавноста. Уште еднаш потсетија на нивниот став дека зад ваквите одлуки на владејачкото мнозинство, според нив се кријат бизнис интереси на лица блиски до власта. „Не станува збор за вистинска марина туку за угостителски објект – кафеана на среде езеро, на најатрактивното место во Охрид,со уредување на паркинг простор за 20 тина пловни објекти. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е преку Јавно приватно п…

Окт 19, 2015

75 проценти од населението страда од сериозното заболување парадонтопатија

75 проценти од вкупното население страда од некој вид или некоја фаза на парадонтопатијата. Ова сериозно заболување на потпорниот апарат на забот граѓаните недоволно сериозно го сфаќаат, а последиците од ненавременото или целосниот недостаток на третирање може да доведе до сериозни последици како целосно и неповратно губење на забите. Како и за многу болести на оралната шуплина, и парадонтопатијата претежно е предизвикана од недоволна хигиена при што доаѓа најпрво до воспаление на непцето или гингивитис кој е препознаен како прва фаза од парадонтопатијата. „Главна причина се бактериите, ток…

Окт 19, 2015

Семафорите кај Рача никако да проработат

Од Локалната велат дека тие уште пред почетокот на летната сезона завршиле со своите обврски. Се чека Агенцијата за патишта да ги пушти во употреба, а од таму не знаат кога тоа ќе се случи.Семафорите кои се ставени на раскрсницата кај населбата Рача сеуште се само декор. И после четири месеци од поставувањето на оваа вертикална сигнализација со цел подобрување на безбедноста на овој патен правец, сеуште не се ставени во функција. Од Локалната самоуправа велат дека тие немаат ингеренции на овој патен правец бидејќи станува збор за  регионален, а воедно и меѓународен пат кој ги поврзува Макед…

Окт 19, 2015

Работилници за меѓуетничка интеграција

Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во с.Велгошти денеска се одржаа неколку заеднички работилници во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализираа со партнерското основно училиште „Фаик Коница“ од селото Доброште од општина Теарце.На активностите, покрај учениците, родителите, претставниците на УСАИД, секторите за образование, бирото за развој на образованието и просветниот инспекторат, присуствуваа заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев и градоначалникот на општина Теарце Исен Хасани.Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција …

Окт 19, 2015

Превентивата е најдобар лек за остеопорозата

По повод светскиот ден на борба против остеопорозата 20 Октомври, Црвен крст Охрид  организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек, кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените хормони, односно тестостероно…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top