Дек 21, 2020

Премиерот Заев ги претстави приоритетите на владиниот проект „21 за европски стандарди дома“

Премиерот Зоран Заев ги најави приоритетите од иницијативата „Европски стандарди дома“. Помеѓу клучните приоритети на земјава се прочистување на првосудниот систем и борбата со корупцијата. Премиерот ги посочи и проектите за намалување на аерозагадувањето во земјава за следната година. „За 2021 во Програмата за намалување на аерозагадувањето се предвидени дополнителни 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошките системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност и обновување на урбаното зеленило. Зголемени се до 20 пати казните за прекршување на животната ср…

Дек 21, 2020

Не работи компјутерскиот томограф во Општа болница Охрид

Не работи единствениот компјутерски томограф во Општа болница Охрид. Прегорен е резервен дел заради големата преоптовареност на одделот за рендген дијагностика. Од почетокот на годинава и во изминативе 10 месеци од пандемијата со Ковид 19 биле снимени седумнаесет илјади паценти од Охрид и регионов, вклучувајќи и пациенти од битолската болница, информира директорот Горан Балевски. „Потрошниот материјал престана да работи и ќе треба да се набави нова цевка. Целиот овој период томографскиот апарат беше единствениот апарат кој ги покриваше сите пациенти од ковид и од Струга, со компјутерска и …

Ное 18, 2021

Казнети 15 возачи од Охрид за непрописно престигнување

На 17.11.2021 во периодот од 08 до 11 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведени се акциски сообраќајни контроли при што, полициските службеници затекнале и санкционирале 30 возачи на моторни возила кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-15, Струга-04, Кичево-03, Дебар-08). Во Кичево, полициските службеници евидентирале 04 возачи на моторни возила, кои надвор од населено место управувале со поголема брзина на движење од дозволената, а во Струга со специјално возило „пајак” подигнати се 06 патнички моторни возила кои биле непрописно оставени на коловоз – информираат од СВР Охри…

Дек 21, 2020

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ НА УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ КАЈ РЕКА ГРАШНИЦА

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница кои се реализираат од пресекот на булевар„ Туристичка“ со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри. По расчистувањето, речното корито ќе се бетонира и ќе се обложи со камен. Вредноста на проектот е 6 милиони и 750 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „Бокоп “ од Боровец која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Охрид.

Дек 21, 2020

644 санкции за неносење маска за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 644 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Дек 21, 2020

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, владата ги забрани сите летови од Велика Британија

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, напиша на својот Фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче. Ова е предлог заклучок од утринскиот состанок на Комисијата за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. Предлог мерката ќе биде предложена на координативниот штаб, а ја донесовме превентивно по информациите дека нова мутација на ковид-19, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна. Засега, Комисијата не ја разгледува опцијата за предложување на дополнителна ме…

Дек 21, 2020

Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ во финалната фаза на имплементација

Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ влегува во финалната фаза на имплементација. Главната цел на проектот е Заштита и конзервација на загрозени и автохтони видови флора во меѓу-граничната област, која ќе биде постигната преку приоритизација и конзервација на загрозените видови флора, развивање на структури за конзервација вклучувајќи и дигитални апликации и инфраструктури, како и подигнување на свеста со цел пошироко разбирање на важноста на одделните видови флора и нивниот биодиверзитет. Општината Дебрца е во финална фаз…

Дек 21, 2020

Ажурирана листата – проверете дали ви следува финансиска помош

Успешно е ажирирана листата на која може да проверите дали ви следува финансиска помош од државата. Посетете ја интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk, и проверете дали исполнувате услови, за да добиете 6000 денари. Проверката се врши по следнава насока: Внесете го вашиот ЕМБГ, селектирајте го полето i’m not a robot, и потоа кликнете на Пребарај. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска гри…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top