Ное 11, 2015

Од недела поседувајте пропишана зимска опрема

Од недела 15-ти ноември 2015 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини.Според одредбите од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот задолжителна зимска опрема, моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4мм или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тр…

Ное 11, 2015

Прекин на водоснабдувањето на ул. „Трајче Трајчески“

Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, среда, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Трајче Трајчески“.Прекинот ќе биде во период од 09:00-12:00 часот.Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отклонување на дефектот.

Ное 10, 2015

Американската зелена карта не е предизвик за охриѓани

Еден од начините што граѓаните сакаат да го искористат за заминување од државата е лотаријата за добивање на зелена карта за Америка. Во Охрид постои интерес, но не толку изразен, за оваа лотарија, посебно кај младата популација. Причините заради кои младите охриѓани сакаат да заминат од својот град најчесто се од економски. Вработување и подобар живот е одговорот што најчесто го дадоа нашите соговорници. Но за добар дел од нив Американскиот континент и не е некој предизвик.Поголем дел од нашите соговорници не сакаа да коментираат пред објективот на ТВМ.Инаку, со помош на оваа лотарија секо…

Ное 10, 2015

Во Охрид прикажан македонскиот филм „Медена ноќ“

Пред охриѓани и голем број на гости на Институтот за филм Филмска академија во Охрид се одржа проекцијата на македонскиот филм „Медена ноќ“. На проекцијата присуствуваа  режисерот  Иво Трајков, продуцентот Роберт Јазаџиски, заменикот министер за образование Спиро Ристески, градоначалникот Никола Бакрачески.Режисерот Иво Трајков  е професор и претседател на Сенатот на Филмската академија во Прага и  ќе предава и на Филмскиот институт во Охрид. Оваа образовна институција е резултат на негово повеќегодишно залагање во соработка со прашката филмска академија и  македонската Влада. Студентите ко…

Ное 10, 2015

Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога беше пукано во нивни колега

Здружението на лекари од Охрид најостро го осудува вчерашниот вандалски чин кога на  државната клиника во Скопје беше ранет хирург од страна на револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, кој со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот доктор. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија. Ваквиот настан ја потресе целокупната македонска јавност и со овој чин и како земја и како народ треба да се срамиме. Однесувањето на дел од пациентите кое многупати е …

Јул 12, 2021

Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија потпишаа изјава за заштита на регионот

Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид. На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, воедно и претседателки на Националните Комисии на Унеско. Присутни беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина. Министерката Стефоска, е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион за да не се стави на листата на загрозени подрачја под Унеско. Стефоска не е задоволна од досегашн…

Ное 9, 2015

Каде ќе зимуваат охриѓани

Охриѓани ги менуваат своите навики па се почесто својот одмор го планираат неколку месеци однапред. Уште од септември почнуваат да размислуваат каде ќе одат на зимување. Туристичките агенции ги пратат новите трендови и веднаш по завршувањето на летната сезона прават аранжмани за зимската. Сите оние кои ќе уплатат неколку месеци однапред добиваат многу поволности, вели Елида Битрак од ТА „Елида турс“.Уште во месец октомври ние извадивме програми во кои  ги наведовме предностите во поглед на раното букирање така што доколку граѓаните уплатија во месец октомври добија попуст од 20 па и повеќе …

Ное 9, 2015

Двојки, тројки и четворки за охридските основни училишта

Музичкото основно училиште Методи Патче е меѓу 8 -те најдобри училишта во земјава. Ова е оценката од извештајот на интегралната  евалуација за 2015  која Државниот просветен инспекторат ја прави во училиштата на секои три години. Просветните инспектори ја скенираат  работата на училиштата во повеќе сегменти според кои училиштата ги добиваат оценките. Инспекторите го оценуваат менаџирањето на училиштето, постигнатиот успех на учениците, условите за работа, реализацијата на наставните програми и планови, климата за работа, меѓучовечките односи. Досега со најдобра оценка 4 биле оценети уште д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top