Ное 13, 2015

Минирање кај Пресека-Врбјани

Од АМСМ информираат дека денес 13.112015 поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу Пресека – село Врбјани, ќе има прекин на сообраќајот.Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 13 до 15 часот.

Ное 13, 2015

Охридски комуналец ќе подига зелен отпад во Видобишта

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 „Видобишта“.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно ост…

Ное 12, 2015

Потребно е огромно лоби за Охрид да стане универзитетски град смета фелата

Градот на писменоста и просветителството во 2015та година своето образование го темели само на две високообразовни институции. Во образовната фела постои консензус околу потребата Охрид да добие повеќе универзитети, но барем досега не дошло до реализација на ваквата идеја. Наместо Охрид, Штип во рок од 8 години прерасна во универзитетски град благодарение на Универзитетот “Гоце Делчев” во кој функционираат повеќе од десетина факултети. Според проф.д-р Ирина Петровска од Факултетот за туризам и угостителство, во Охрид постои 45 годишна традиција на високообразование и ваквата идеја едноставн…

Ное 12, 2015

Новиот директор на Центарот за социјални работи се заложи да ја унапредува социјалната заштита на ранливите категории

Посветени сме на максимално остварување на социјалната заштита на ранливите категории на граѓани. Центарот функционира и ќе функционира согласно законските прописи, но и во насока на реализација на многубројните проекти кои се спроведуваат со цел унапредување на социјалната заштита. Ова се само дел од целите, мисијата и предизвиците со кои новиот директор на Центарот за социјална работа од Охрид, Артим Османи вети дека ќе се посвети за да ги постигне. “Јас како од моја страна така и од вработените, ќе дадам максимален напор за да и се помогне на оваа група на граѓани, согласно законските н…

Ное 12, 2015

Конечно Охрид добива базен

Отпочнаа градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид. Градоначлникот на Охрид Никола Бакречески, заедно со неговиот тим и стручните служби во Локалната самоуправа успеаа за година и пол  да остварат едно големо ветување дадено на граѓаните на Охрид, да реализираат  еден од најкапиталните проекти за градот во последниве десеттина години. Со овој проект ќе се врати духот на водените спортови, пливањето и ватерполото. Како што истакна Бакрачески, изминатиов период успеале да ги подготват сите потребни документи, од урбанистичко плански документации, постапки, за да…

Јул 12, 2021

Вечерва започнува „Охридско лето“

Со проектот „Големиот Чајковски”, Националната опера и балет вечерва на Античкиот театар свечено ќе го отвори 61-то издание на фестивалот „Охридско лето”. Спектакуларниот проект, како што го најавуваат организаторите е составен од балетската трилогија „Лебедово езеро” „Оревокршачка” и „Заспаната убавица”, како и извадоци од балетот „Ана Каренина” и од операта „Евгениј Онегин”. На сцената ќе учествуваат над 90 уметници, а диригент е Бисера Чадловска. Приоритет во годинешната програма на фестивалот  се македонски уметници кои имаат светска слава, нашите национални оркестри и театарски куќи. …

Ное 12, 2015

Пуштени во употреба реконструираните улици

Во текот на денешната обиколка на Охрид и охридско, прво ја посетија новоотворената Филмска академија каде што ги увидоа условите за работа на оваа институција. Следуваше свечено пуштање во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“, една од поважните сообраќајници во градов, која години наназад беше во катастрофална состојба. Се направи увид и на неодамна реконструираната улица „Илија Смически“ во село Лескоец, која им создаваше доста потешкотии во секојдневното функционирање на мештаните во ова село. Го посетија и Велгошти, каде што продискутираа за актуелните проблеми со месното н…

Ное 12, 2015

Соопштение од ОО СДСМ за посетата на Груески на Охрид

Во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на ОО на СДСМ Охрид  испратено до нашата редакција стои:Почитувани граѓани, За денешната посета на Никола Груевски во Охрид голем број вработени во јавната администрација и локалната самоуправа биле принудувани да го напуштат работното место за да присуствуваат на настаните од неговата агенда.Тоа е уште една потврда дека граѓаните го напуштија Никола Груевски. Осамен, Груевски ги принудува вработените во администрацијата и локалната самоуправа да го пополнуваат слабото присуство за време на неговите посети. На вработените во училиштата…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top