Ное 17, 2015

Охрид за Нова година ќе биде поразличен и поубав од лани

Охрид за новогодишните празници ќе биде уште поубав и поукрасен од лани, најавуваат од Локалната самоуправа. Во Одделението за јавни набавки во тек е изготвувањето на тендерот за новогодишно украсување на градов. Ќе се бара најдобриот понудувач кој ќе го облече Охрид во новогодишно руво. Интензивно се размислува и за програмата со која охриѓани и гостите ќе се забавуваат на градскиот плоштад.„Охрид од година во година треба да биде што поубаво украсен. Тоа е интенција на оваа локална власт. Издвоени се средства од буџетот за оваа намена, сега треба да се запазат законските процедури околу т…

Ное 17, 2015

Демо Илбер доби клуч од социјален стан

Демо Илбер денес доби клуч на рака од стан во социјалната зграда во Охрид. Со тоа е решено  станбеното прашање на десетчленото семејство. Илбер пред нецел месец  на нашиот медиум јавно ја сподели неговата животна сторија, како во дрвена барака живее во супстандардни услови, која требеше во рок од осум дена да ја напушти. Денес тагата на Демо заменета е со слози радосници. „За мене овој стан, е како повторно да се родив, пред се заради децава, овие услови верувам дека ќе се многу подобри за моите деца. Децата често ми се разболуваа во бараката секој месец одев во Скопје таму примаа крв едно …

Јан 6, 2022

Приведен 33-годишен охриѓанец за кражба на „Винковачка“

На 05.01.2022 година во СВР Охрид, приведен е Б.Т. (33) од Охрид кој претходно е фатен при вршење кражба во куќа на улицата „Винковачка” во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Ное 17, 2015

Во сабота и недела литургии по повод „Св.Архангел Михаил“

Од Дебарско- кичевската епархија информираат дека на 21- ви ноември,сабота, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети Архангел Михаил“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На 22 ноември, недела, во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кич…

Јул 13, 2021

ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР СИЛВЕСТРИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска оствари средба со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри. Градоначалникот Георгиески упати искрени честитки до амбасадорот Силвестри за спортскиот успех на Италјанската фудбалска репрезентација и освоената европска титула на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020. Во рамки на средбата, амбасадорот Силвестри искажа силна поддршка и ги поздрави заложбите на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и владеењето на правото. Истакна дека може да биде…

Ное 17, 2015

Нова кривична пријава за поранешниот охридски градоначалник

По завршување на истражната постапка и прибирање на сите потребни докази во предметот, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид  во Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен акт против екс градоначалникот на Охрид, за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.Осомничениот се товари дека во март  2013 година, како службено лице – градоначалник на  општина Охрид, ги пречекорил границите на своето службено овластување, бидејќи во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркинг простори со јавно наддавање овозможил постапката да се с…

Ное 16, 2015

Локалната работи на поставување на новата водоводна линија за село Лескоец

Почеток на крајот на проблемите на Лескоец со водоснабдителниот систем. Во моментов по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици се работи на поставување на новата водоводна линија која беше најавена летово, а која треба еднаш засекогаш да ги реши проблемите на лесковчани со снабдувањето со вода, особено во летните месеци кога тие беа и најизразени. Станува збор за зафат кој ќе се спроведува во три фази, а во моментов се поставува водоводната инфраструктура на самиот влез од Лескоец, во непосредна близина на седиштето на ЈП “Градски гробишта”. “Во првата фаза ќе бидат опфат…

Ное 16, 2015

До крајов на неделава ќе се санира улицата Сатеска

За да се вози по улицата Сатеска треба голема умешност. Граѓаните се жалат дека ги искршиле своите автомобили поради прекопите кои се наоѓаат на самиот коловоз и кои е многу тешко да се избегнат. Ваквата состојба е од пролетта, кога на улицата се вршеле зафати за поставување атмосферска канализација. Овој проблем, кој ги тангира жителите од урбаната заедница Воска, на последната седница на советот на општина Охрид го истакна и советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска. Во име на граѓаните од оваа урбана заедница апелирам што побрзо улицата да се доведе во нејзината …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top