Ное 19, 2015

Гладијаторите го совладаа и Вардар јуниор

Охридските ракометари синоќа остварија победа  над еден од директните ривали за плејофот. Во салата „Биљанини извори“ тие ја совлаадаа екипата на „Вардар јуниор“ со 23-18.Нови три бодови за охридските гладијатори на табелата на Супер лигата. Тие синоќа во СРЦ „Биљанини извори“ во дербито во деветтата рунда го совладаа Вардар Јуниор со 23-18 (11-9).Избраниците на Горан Андоновски имаа целосна контрола на играта и победата над еден од директните ривали за плејофот е сосема заслужена.Охриѓани само во вториот дел имаа неколку минутна криза во играта, кога гостите успеаја да изедначат а потоа и …

Ное 19, 2015

Можни прекини во снабдувањето со електрична енергија

Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далекуводи на преносната мрежа на потегот Ресен-Охрид –Струга, на 19.11.2015 во периодот од 12:00 до 15:00, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.„Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична енергија во овие 3 часа….

Ное 18, 2015

Една цена на рафт, а друга на каса

Кога одите на пазарување треба да отворите четири очи бидејќи во супермаркетите често се случува на производот изложен на рафт да има една цена, а кога ќе плаќате на каса продавачот да ви каже друга, најчесто повисока цена. Граѓаните реагираат и укажуваат дека тоа се недоразбирања кои најчесто се поврзани со ценовникот или со неправилно означување на производите. Најчесто цехот го плаќаат помалку внимателните купувачи, бидејќи овие трговски трикови многу тешко можат да се забележат кога се купува во поголеми количини.Од Организацијата на потрошувачи во Охрид велат дека во законот за заштита…

Ное 18, 2015

Охриѓанец реагира на различните цени по кои се продаваат гробните парцели

Охриѓанец се жали на превисоката цена од 36.000 денари за купување на гробна парцела во ЈП Градски гробишта. Оваа цена е за гробните  парцели во муслиманскиот дел веднаш на самиот влез од  гробиштата, напоменува граѓанин. Вели дека ќе покрене иницијтива пред уставниот суд  за превисоката цена. Додава дека му смета и тоа што уплатите за гробните места не може да ги изврши преку банка, туку мора да уплаќа во јавното претпријатие и за тоа добива сметкопотврда. „Во муслиманските гробишта има дискриминација. Поголем дел од гробните места имаат една цена од 300 евра, а друга парцела се наплаќа по…

Ное 18, 2015

Водата во Охрид и Струга исправна за пиење

Водата за пиење од градскиот водовод во охридското поднебје е исправна, истата редовно се хлорира и се вршат сите потребни анализи, тврди првиот човек на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид Томе Паскалоски.„Согласно правилникот за исправност на водата од 2008 год, значи Центарот за Јавно Здравје врши секојдневни анализи, вршат нашите вработени, анализи кои не се валидни пред другите органи, паралелно се врши контрола од Центарот за јавно здравје и два пати годишно се врши од републичкиот Центар за јавно здравје, водата е исправна на сите избирачки места со сите мостри што се земени по случаен из…

Journalift about TVM Ohrid
Фев 11, 2022
Journalift фокус

Journalift платформата објави статија за „Ти си твојот град“

ТВ М успешно го имплементира проектот „Ти си твојот град“, чија цел е да ги доближи граѓаните до медиумот, охрабрувајќи ги да станат ангажирани граѓани во процесите во заедницата, пишува во статијата објавена од Journalift. Регионалниот медиум ТВМ идејата за вклучување на граѓаните во своето известување ја подигна на повисоко ниво – таа како дел од проектот „Media for All“,  ги покани граѓаните да споделуваат фотографии и видеo-содржини, кои укажуваат на проблеми во општината. Освен тоа, таа обучи и неколку граѓани да известуваат – пишува Journalift. „Ти Си Твојот Град…

Ное 18, 2015

Кој не ја платил туристичката такса, ќе плаќа глоба

Овластените туристички инспектори согласно законските обврски ќе вршат увид во книгите за евиденција  на гости на давателите на услуги од мал обем.Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот инспекторат (над УНИ БАНКА поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се законски глоби доколку во одделен случај не се подмири обврската по основ на Такса за привремен престој за извршената услуга за…

Јул 13, 2021

Пријави проблем, одговори го прашалникот, вклучи се!

Граѓанинот е двигател во едно демократско општество, а медиумите коректор на власта. Доколку сте засегнати од некаков проблем во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца споделете со нас. Пополнете го прашалникот и пријавете лоши практики и однесување, непочитување на законите, криминал, корупција, недоследности, предизвици, секојдневни проблеми од општественото и социјалното живеење. Прашалникот можете да го пополнете ТУКА. Од Вас очекуваме предлози и сугестии за теми кои сакате да ги обработуваме. Ви стоиме на располагање да ни испраќате проблеми и недоследности од сите сфери на општ…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top