Јул 13, 2021

Свечено отворено 61-то издание на „Охридско лето“

Уметниците од НОБ со делови од познатата трилогија „Лебедово Езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспана убавица“ од еден од најзначајните композитори во светски размери Петар Илич Чајковски, како и извадоци од балетот „Ана Каренина” и операта „Евгениј Онегин” приредија грандиозен гала концерт за отворањето на 61-то издание на „Охридско лето“. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, Претседателот Стево Пендаровски кој од Античкиот театар од Охрид, порача дека парадоксот на убавината која е олицетворена во уметноста и културата е што таа е непресушен извор …

Ное 20, 2015

Советнички прашања на 47 та седница на охридскиот Совет

  Охридските советници прашуваа, градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот на општина Охрид Димитар Спасески одговараа. Денес се одржа 47 седница на Советот на општина Охрид со единствена точка на дневен ред, советнички прашања. Најголем број од прашањата беа упатени до градоначалникот на општината. Тие се однесуваа на проектите од патната и комуналната инфраструктура, но имаше прашања и со политички примеси. Советникот од редовите на СДСМ Јован Стојаноски праша, кога може да очекуваме гасификација во Охрид како и тоа до каде е изградбата на фудбалското игралиште во село Лескоец. „15 …

Ное 20, 2015

И во охридските училишта одбележан Светскиот ден на детето

„Стоп на насилството врз децата“ – под ова мото денеска се одбележува 20-ти ноември Светскиот ден на детето. Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија, подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот.Да им посветиме повеќе внимание на децата што повеќе да разговараме со нив, да им даваме љубов, бидејќи сега се садат вистинските вредности од кои подоцна треба да ги жнееме плодовите, вели одделенскиот наставник Јулијана Шиш…

Ное 20, 2015

„Охридски комуналец“ ќе подига зелен отпад во населба Радојца Новичиќ

Ј.П.„Охридски Комуналец“  ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре на 21-ви ноември 2015 година ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З 14 „Радојца Новичиќ “.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уред…

Ное 20, 2015

Ќе се набавуваат радари за Охридското езеро

Министерство за транспорт и врски го распиша огласот за набавка на радари за набљудување на учесниците во пловидбата на Охридското Езеро.Како што предходно беше најавено, набљудувањето ќе биде за потребите на Капетанијата на пристаништа Охрид.Проценетата вредност на договорот без ДДВ изнесува .1.516.949 денари, а главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.

Ное 19, 2015

Охридските гимназијалци интерактивно учеа како да ја подигнат својата безбедност во сообраќајот

Како да се зачува сопствената безбедност, кои се прописите и правилата кои гарантираат безбедно учество во сообраќајот, како да се внимава и на останатите учесници во сообраќајот. Ова се само дел од сознанијата кои денес ги добија средношколците од охридската гимназија на интерактивниот час кој за нив го подготвија Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во соработка со полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Еве што тие научија: “На овој едукативен час учевме за безбедноста во сообраќајот, пред се како да ги почитуваме сообраќајните знаци, …

Ное 19, 2015

Со подобра патна инфраструктура и нови хотелски капацитети до резултати во туризмот

Градење на нови хотелски капацитетти, достигнување на бројка од еден милион гости годишно, поволни каматни стапки за добивање кредити, креирање на производ кој е привлечен за странските туристички гиганти, изградба на соодветна патна инфраструктура за поуспешна и подолга туристичка сезона во земјава. Ова се само дел од желбите, идеите и предлозите на туристичките работници со чија реализација тие сметаат дека многу би се подобрила туристичката слика во земјава. Како една од пречките за реализацијата на нови инвестиции во делот на хотелските капацитети, според претседателот на ХОТАМ, Крсте Б…

Ное 19, 2015

Бесплатни мамографски прегледи на рак на дојка за жените од југозападниот регион

Наскоро регионалниот Центар за јавно здравје од Охрид ќе спроведува мамографски прегледи на рак на дојка за жените од регионов.  Бесплатните скрининг прегледи ќе ги опфатат  жените на возраст од 50 до 69 години од општините Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Дебар и  Ростуше. Скринингот  е во рамките на програмите за рано откривање и детекција на малигните заболувања од  превентивните програми на  Министерството за здравство, информира д-р Слободанка Коцевска од охридскиот  центар за јавно здравје. „Ракот на дојка е често заболување кај жените иако поретко се среќава и кај мажите. Вообичаено е…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top