Советниците треба да ја изгласаат предлог одлуката за утврдување Нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2016 година. Освен за оваа точка, градските избраници треба да расправаат и за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 10.10.2015 година. На дневен ред уште на ова издание на седницата на советот треба да се најдат и Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги, како и Предлог Одлуката за донесување план за заштита и спасува…
Централниот регистар на Република Македонија од понеделник ќе организира Отворени денови во регистрациските канцеларии низ државата.Отворените денови во Охрид и Струга се закажани за 15 декември.Во рамките на акцијата тимови на Централниот регистар ќе бидат достапни да информирмираат за измените во законската регулатива, како и да одговарат на сите отворени прашања на граѓаните.Ова е трета акција на Централниот регистар на Република Македонија.
Дали новите генерации се на прагот да ја започнат револуцијата на враќање на младите во селските средини и да живеат од земјата? Многу македонски села изминативе децении останаа опустошени од внатрешните миграции и беа избришани од колективната меморија. Сепак, идејата сами да ја произведуваат храната што ја јадат, да бидат во допир со природата, а во исто време и да заработуваат за живот работејќи ја својата професија, но и да го избегнат стресот и безработицата во градовите, станува се попривлечна за младите во земјава. Ентузијазмот кој го чувствуваат помладите генерации станува се пореал…
Стопанска Комора за Туризам на Македонија ја усвои новата Стратегија за развој за периодот од 2015-2018. Целта е да се усогласат чекорите со новите растечки трендови на развој на македонскиот туризам.
Се очекува, со имплементацијата на Стратегијата, да се влијае на јакнењето на капацитетите на националната и локалната инфраструктура, составена од сите релевантни чинители и да се придонесе за поврзување на институциите неопходни за развој на туризмот во Република Македонија.
Во пресрет на зимската туристичка сезона, Стопанската комора за туризам апелира до надлежните компании да се одржува…
Остварена интерактивна средба на охриѓани со проектот на социјалдемократите „Визија за Македонија“. Александар Кузески портпаролот на ОО СДСМ е задоволен од средбите со охриѓани на првиот ден од спроведување на нивниот проект. „ Одзивот е добар на граѓаните. Пријатно сме изненадени сите процеси придонесуваат луѓето да дојдат да се охрабрат и да ги запишат своите идеи. Ги повикуваме да се приклучат и да ги дадат своите предлози“, вели Кузески. Бројни се предлозите кои ги даваат охриѓани во насока на подобар живот на граѓаните. Проектот за прибирање на позитивни идеи на граѓаните не се реали…
Изграден е нов резервоар за вода во селото Горно Коњско со што ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето и недостигот од вода за пиење, со кој беа соочени жителите на оваа рурална населба.
Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и ги задоволува сите современи стандарди за изградба на вакви објекти.
Овој проект беше предвиден во Програмата за водоснабдување за 2020 година и за оваа намена од опшинскиот буџет беа наменети 1,8 милиони денари.
Во рамки на овогодинешната програма за водоснабдување, Општина Охрид веќе ја заврши тендерската постапка за изградба на нов резервоар за…
Водоводно – канализационата мрежа во делови на градот сеуште горлив проблем на охиѓани. Состојбата посебно кулминира при големи врнежи на дожд кога некои улици се претвораат во мали езерца. Не може да се заборави излевањето на фекалната канализација која се случи август месец, минатото лето, во туристичката населба Лагадин пред очите на странските туристи, посочува советничката на СДСМ Виолета Мицкоска. Таков е примерот и во Даљан каде често стигнуваат поплаки на жителите дека фекална канализација се излева и оди во речните канали и во езерото, додава Мицкоска.„Секој дожд за нас и нашиот г…
Во рамките на одбележување на Неделата на грижа за стари лица, која трае од 23-ти до 29-ти ноември Црвен крст Охрид организира повеќе активности насочени, пред се, кон подигање на свеста кај населението во заедницата за правата на старите лица како и потребната грижа и помош која секој може и треба да ја пружа на старите лица.Во текот на Неделата на грижа за стари лица, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ги посетат старите и изнемоштени лица во нивните домови, а тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе вршат и мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Во соработка со Клиничкиот центар…