Ное 30, 2015

Лидери во електротехничката, машинската и сообраќајната струкавв

Благоја Терзиев, ученик во четврта година во Општинското средно училиште „Никола Карев“ во Струмица ќе се бори да стане лидер во областа автомеханичар мехатроничар. Тој е еден од 150те учесници на вториот државен натпревар за лидерство кој се одржува во ЕМУЦ Св.„Наум Охридски“. Благоја првпат учествува на овој натпревар и очекува победа.Главен мотив за да учествуваме на овие натпревари ни е желбата да си ги измериме силите со нашите врсници од другите градови на Македонија. Да видиме до каде е нашето знаење. Јас многу си ја сакам мојата струка и планирам да продолжам на машинскиот факултет….

Јул 14, 2021

„Крик за љубов“ на народниот театар од Охрид вечер на „Охридско лето“

Народниот театар од Охрид вечер ќе настапи на „Охридско лето“ со претставата „Крик за љубов“ – комедија на карактери и љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Режисерот на претставата Љупчо Ѓоргиевски појаснува дека во неа двајца актери, поранешни сопружници, се ангажирани во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници. Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата, односно за време на процесот на подготовка на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба до пробата со ко…

Ное 30, 2015

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го одбележаа Авној

Сојузот на борците и титоистите од Охрид и Дебрца традиционално го одбележаа 29-ти Ноември историскиот датум од  НОБ. За второто заседание на АВНОЈ одржано во Јајце на 29 и 30 ноември 1943 година и значајните историски одлуки посебно за македонскиот народ потсети историчарот професор Наце Иваноски. Со неколку одлуки Македонија за прв пат беше призната за рамноправна членка на федерацијата како држава, нацијата беше рамноправна со другите нации. На ова заседание беше призната и народноослободителната војска формирана на 18 август 1943 на Славеј. Уште една поважна одлука беше сите документи д…

Ное 30, 2015

Охрид домаќин на „Adventure Next Balkan 2016“

Работните групи на Секторот за туризам од  швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид, денеска одржаа состанок на кој учествуваа:  Пјетро Бертиели, професор по менаџмент со специјални фокус групи во туризмот на Универзитетот „St. Gallen“ од Швајцарија, Ангел Јанев, заменик градоначалник на општина Охрид и Габриела Крешини, фокус лице за туризам на „СВИС Контакт“ од Швајцарија.На состанокот беше утврдена методологијата за управување со туристичка дестинација по која што ќе се развива Охрид со поддршка на „IME“ програмата. Исто така беа посочени проблемите во областа н…

Ное 30, 2015

Јавните здравествени установи работно за „Ден на дрвото“

Од министерството за здравство информираат дека во среда, 2 декември, кога ќе се спроведува акцијата „Ден на дрвото“, редовно ќе работат сите јавни здравствени установи во државата и ќе се реализираат сите закажани прегледи и интервенции.- Сите закажани прегледи во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени, и за таа цел на установите им е наложено да ги преземат сите организациски мерки овие прегледи и интервенции да бидат непречено изведени, наведуваат од Министерството за здра…

Ное 28, 2015

Постот е кочија за во рајот, започнаа Божиќните пости

Од денеска почнуваат Божиќните пости. Во наредниве 40 дена сите православни верници со мирна совест можат да постат во знак на послушност кон Бога, кон кого, секој кој ќе пости, ја нуди својата духовна пожртвуваност и смиреност. Отец Љупчо Симиџиески за ТВМ ја појасни суштината на постот од аспект на телесно и духовно постење. Според него во овој период, молитвата кај православниот христијанин треба да биде застапена што повеќе, посебно во неделите кога започнуваат светите Божествени литургии.„Телесниот пост се пости во понеделник среда и петок без масло другите денови е на масло а сабота и…

Ное 27, 2015

Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со најдолг брачен стаж

Избран најстариот жител во општина Охрид и Дебрца и брачниот пар со со најдолг брачен стаж. Заврши конкурсот кој охридскиот Црвен крст го распиша на почетокот на ноември, а беше дел од одбележувањето на Неделата посветена на старите лица. На конкурсот се пријавиле пет кандидати за најстар жител и пет за брачен пар кој најмногу години е во брак. Најстар жител е 96 годишен охриѓанец чие име денес не беше обелоденето бидејќи тоа ќе биде направено на утрешната манифестација која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Брачниот пар кој победи на овој конкурс е со 66 годишен стаж и е…

Ное 27, 2015

Се прошируваат гробиштата по цена на нивната функционалност

ЈП „Градски Гробишта“ Охрид неодамна донело одлука за измена и дополнување на постоечкото урбанистичко решение за гробната парцела Х 402. Одлуката била донесена од страна на Управниот одбот на ЈП. Според неа 19 корисници се известени дека се изработени и ќе се продаваат гробни места на почетокот на секоја гробна парцела што е во непосредна близина на гробното место кое го поседуваат овие 19 корисници. Рокот за постапка по оваа одлука е 5 дена од приемот на дописот. Дел од корисниците на гробните места реагираа до нашиот медиум дека не се задоволни од една ваква одлука затоа што тие платиле…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top