Хидробиолошкиот Завод од Охрид денес одбележа голем јубилеј, 80 години од неговото основање. Првиот човек на установата проф. Др Сузана Патчева потсети на почетоците од основањето на институтот во далечната 1935 год. Исто така изнесе хронолошки податоци за формирањето на овој институт, кој е формиран на иницијатива на Синиша Станковиќ еколог, лимнолог и најпознат познавач на Охридското езеро. Ендемични видови риби и полжави во Охридското Езеро откриле двајцата познати зоолози од Универзитетот во Виена Штаиндахнер во 1892 год и Сторани во 1894, за да потоа загребскиот зоолог Спиридон Бруси…
Над 420 приватни станоиздавачи во Охрид чекаат Тлер да им издаде нови решенија за категоризација на капацитети во колективните станбени згради. Денес Тлер организираше јавна расправа со засегнатите станоиздавачи за да ги чуе нивните барања со цел решавање на настанатиот проблем. На расправата присуствуваа претставници од министерството за економија, од Пазарниот инспекторат, Хотам, советници. Во моментов од секторот за туризам и локален економски развој не може да издаваат нови решенија или да ги продолжуваат на станоиздавачите кои издаваат станови во колективните станбени згради. „ Со…
„Пред само неполн месец СДСМ алармираше и предупреди за катастрофалната ситуација со којашто се соочува Општата болница во Охрид. Ситуацијата станува се поалармантна, затоа што пациентите сеуште се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови. Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското, детското одделение, како и во гинеколошкото одделение сеуште нема греење. Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат.“ – стои во соопштението од СДСМ. Охридските…
Градоначалникот Никола Бакрачески ја обелодени програмата за предновогодишните и новогодишните празници. За дочекoт на Новата 2016-та година охриѓани и гостите ќе ги забавуваат групата „Компас бенд“, охриѓанецот Боби Мојсоски, музичката ѕвезда Викторија Лоба, охридски ди џеј и ансамблот „Билјана Јуниор“.Градоначалникот очекува за новогодишната ноќ плоштадот да биде исполнет со гости, а ветува одлична празнична забава.Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме Охрид и оваа година да би…
38-годишна охриѓанка која во коментар на социјалните мрежи повика „да се запалат со се хотелот“ припадниците на еврејската верска група „Лев Тахор“, кои се сместени во хотел во охридското село Лакочереј, доби кривична пријава.
Полицајци од СВР Охрид денеска извршија службен разговор со В.С. (38) од охридско, која вчера на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” казниво по член 394-г од КЗ – соопшти МВР.
ЕВН ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија, а до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури.Новите фактури имаат нов поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни.– Во фактурите што корисниците ќе ги добиваат во иднина, наведени се податоци за корисникот и за фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и за новите состојб…
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ шеесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 22.07.2021 година (четврток) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
…
На дневен ред на 47-то издание на седницата на советот ќе се најде Предлог Одлука за усвојување на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2016 – 2018 година, како и Програмата за поддршка на локалниот економски развој, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија за наредната 2016 година.Советниците ќе ги усвојуваат активностите на општина Охрид во областа на образование, детска заштита , спорт и рекреација, културни манифеста…