Дек 28, 2020

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб, изјави директорката на хрватската Сеизмографска служба Инес Иваничиќ.Споед неа, потресот се случил во 6:28 часот, а епицентарот се наоѓал 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња. Со напомена дека се уште се работи на утврдување на точната јачина на земјотресот, Иваничиќ истакна дека се очекуваат и дополнителни земјотреси.Засега нема информации за евентуални жртви и колкава штета е причинета. Според некои информации, земјотресот се почувствувал и во Риека и во Сисак, каде голем број гр…

Дек 25, 2020

Разрешената судијка Кичеец ќе ја обжали одлуката на Судскиот совет

Судскиот совет ја разреши судијката Весна Кичеец за случајот на Димитар Матилоски од Охрид, момчето кое беше убиено на Новогодишната ноќ во 2016 година од српскиот турист Бојан Угреновиќ. Советот утврдил нестручно и несовесно работење и затоа од вчера и` забранува да суди. Во конкретниот предмет со Матилоски, одолговлекувањето на постапката му овозможи на главниот осомничен да се брани од слобода и тој избега од земјава. „Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција и времено оддалечување на судијата од вршење функција до правосилно завршување на постапката“ …

Дек 25, 2020

Донев: Да побарате од советниците кои сте ги гласале да се спротивстават на предлогот за покачување на цената на водата

Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење, обвини претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев. „Вистинската причина за поскапувањето на водата е зголемувањето на платите на вработените за 2021 година во ЈП „Водовод“ од над 12 милиони денари и нови 18 вработувања кои охриѓани ќе ги чинат над 5 милиони денари.“ – смета Донев. Донев ги повика охриѓани да се обединат против, како што рече, ваквиот однос на градоначалникот кој е понижувачки, срамен и потценувачки. …

Дек 25, 2020

Стружанец со „БМВ“ прегази две братчиња на охридскиот Булевар Железничка

Прегазени две братчиња на охридскиот Булевар Железничка. Децата на возраст од 12 и 18 години биле повредени вчеравечер во 18.25 минути од автомобил со струшки регистарски таблички. 18 годишното момче се здобило со тешки повреди на главата и уште синоќа било пренесено на клиниките “Мајка Тереза” во Скопје. Неговото помало братче е задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. На возачот, 45 годишен жител на струшкото село Лабуништа, одземена му е возачката дозвола и возило БМВ. За сообраќајната несреќа известен е Јавени о…

Дек 25, 2020

602 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 602 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Дек 25, 2020

Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Денот на Христовото раѓање

Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божик, Денот на Христовото раѓање. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Католичките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божик. Традиционално за Божик приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божиќ не може да се замисли без присуството на членовите од семејството.

Ное 18, 2021

ЗАПОЧНА РАСЧИСТУВАЊЕТО НА ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ „ЈОРДАН МИЈАЛКОВ“

По налог на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска започна акцијата за расчистување на дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид. Екипи на фирмата „Победа“ од Ботун се ангажирани на подигнување на градежниот шут и друг вид отпад што граѓаните нелегално го депонираат на оваа јавна површина. Градоначалникот Пецаков при денешната теренска посета упати апел до своите сограѓани да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не создаваат диви депонии, со цел да имаме убав и чист Охрид. Отпадот и градежниот шут ќе се депонираат на соодветни локации.

Дек 25, 2020

Запленети околу 4000 пиротехнички средства во Дебрца

На 23 и 24.12.2020 од страна на полициски службеници на СВР Охрид во полициска станица биле повикани Г.В.(39) од с.Белчишта, општина Дебрца, шеф на два маркета во селата Белчишта и Злести и С.Г.(46) од с.Србјани, кичевско, сопственик на маркетите, затоа што при претрес во нив извршен со судска наредба и во координација со Јавен обвинител, биле пронајдени 3.963 разни пиротехнички средства. Истите се одземени и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top