Сојузот на спортови на Охрид ги избра најрепрезентативните спортисти за 2015та година. Со неговите одлични настапи за ракометниот клуб “Охрид 2013”, наградата најдобар спортист за 2015та година ја доби ракометарот Иван Тасески кој заедно со неговите соиграчи и стручниот штаб годинава бележат историски успеси во најсилната ракометна лига во земјава. Атлетичарката Мартина Мироска пак беше избрана за најуспешна спортистка за годинава што изминува. Доминацијата на РК Охрид 2013 се чини беше неизбежна, па така нашите гладијатори го добија и признанието за најдобра екипа, а нивниот тренер, Горан …
Лицата со оштетен слух и глувите лица во годинава што изминува после долгогодишна борба успеаја да се изборат за остварување на правото на глувост. Секое лице кое има оштетување на слухот над 80 децибели доби право на паричен надомест од 4000 ден. Славица Стефаноска, претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид вели дека ова има големо значење за лицата кои живеат во светот на тишината.Овој надомест не е многу но ќе го збогати буџетот на овие лица. Тие сите се работоспособни и имаат свои примања, но ова ќе придонесе за еден поквалитетен живот и за задоволување на некои доп…
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ,1 јануари 2016 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата 2016 Година.
Не постои поубаво чувство од искрена детска насмевка. Дечињата од Охридската градинка „Јасна Ристеска“ и годинава на градскиот плоштад се забавуваа, пееја, играа. Малите Дедо Мразовци, принцезата Елса, самовили, срнички, беа најчестите ликови кои ова пладне можеше да ги регистрира нашата камера. Неколку нивни слатки зборови и инсерти навистина ќе ви ги стоплат срцата.Денешниот ден е посветен на среќата , радоста и убавината, вели директорката Розе Костеска. И таа денес заедно со сите дечиња учествуваше на завршниот хепенинг. „Како што доаѓа од година во година желбите на децата се интере…
Нуркачите од Амфора ја накитија подводната новогодишна елка. Овој веќе традиционален и необичен настан годинава се случува по четиринаесетти пат, а локацијата како и секоја година беше Заливот на коските кај Градиште.
По поставувањето и китењето на елката, нуркачите традиционално наздравија со подводно пиење на шампањско. Настанот на китење на подводната елка има огромно значење за промоцијата на Охрид, езерото како и Заливот на коските каде истата традиционално се поставува под вода. Инаку подвдводната елка како една своевидна атракција за новогодишните празници, претставува дополнителна…
Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”, објави синоќа на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.
„Во моментов сме единствена земја во Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Лекот е за потребите на Клиниката за инфективни болести и ќе се дава на нехоспитализирани пациенти“, напиша Филипче.
Овој кок…
Дигиталните панорамски снимки на забите клучен елемент во поставувањето на точна стоматолошка дијагноза. во ерата на дигиталната револуција, дигиталната панорама според стоматолозите е навистина дострел во стоматологијата. Правилната дијагноза според д-р Емилија Стојаноска до стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” овозможува за правилен избор на третман и примена на правилна терапија а со тоа и постигнување на крајната цел на излекување на пациентот. Предностите на дигиталната панорама според д-р Стојаноска се бројни. Од неограничен број на снимања поради употребата на минимални дози на икс з…
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денес во просториите на информатичкиот универзитет свечено го отвори патувачкиот филмски младински фестивал Џифони. Тој нагласи дека градот континуирано дава поддршка на ваквите настани со цел ширење на културниот производ и на филмската култура помеѓу младите во Охрид. Неговите очекувања се дека по завршувањето на интернационалниот младински филмски фестивал Џифони, дел од младите образованието ќе го продолжат во светот на филмот.„На почетокот сакам да ви се заблагодарам што им овозможивте на учениците од средните училишта од Охрид, одблиски …