Јан 20, 2016

Охриѓанки за превентивните мамографски прегледи се упатуваат во Вевчани

Охриѓанки за превентивните  мамографски  прегледи се упатуваат во Вевчани. 2000 покани  се испратени до жените од Охрид, Струга, Вевчани и Дебар за бесплатни  мамографски скрининг прегледи. За два месеци, од кога Министерството за здравство започна да го спроведува проектот до сега, се пријавени 246 жени или  11,2 посто. Од нив 175 направиле мамографски прегледи  во болниците во Вевчани и Струга .Од кои в  4,6 проценти охриѓанки, 3,5 проценти  стружанки и 1,9 дебранки. По завршување на јануарските празници се очекува оваа бројка да биде поголема.Но, охриѓанки ќе треба да патуваат 70 км во …

Јул 17, 2021

Протест на граѓани за затворање на депонијата „Буково“

Тие се изреволтирани поради тоа што отпадот на депонијата гори, притоа се шири мошне непријатна миризба која не само што е тешко поднослива туку, како што нагласуваат, и опасна по нивното здравје. Нивните барања се задолжително да се преземат активности за затворање на депонијата „Буково“ каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот, со најава дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се санира односно не биде изгаснат пламенот што го загадува воздухот. Томе Стојчески од ресенското село Крушје вели дека зголемен е и бројот жители од тој крај што бол…

Јан 20, 2016

Охриѓани го прославија Денот на Рибарите

  Охриѓани го прославија Денот на Рибарите. На култното место Сараиште каде се празнувал од памтивек, со староградските песни на групата Билјана јуниор, со рибната чорба која ја подготвија учениците од СОУ „Ванчо Питошески“, традиционалната пача направена од студентите на гастрономската насока на ФТУ, вино и топла ракија,  уживаа граѓаните кои пристигнаа во голем број од сите краеви на државава, па и од странство. Овој настан подеднакво е интересен и за најмладите, но и за повозрасните генерации.Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека Денот на рибарите е еден белег на Охрид и охриѓани …

Јан 20, 2016

Реновиран детскиот парк кај Студенчишта

  Денес и официјално се изврши свечено примопредавање на детското игралиште во близина на каналот Студенчишта. Ова детско катче после цели 11 години целосно е реконструирано, адаптирано и проширено, со помош на средства во висина од 8.000 евра доделени од амбасадата на СР Германија. Проектот е реализиран во соработка со Локалната самоуправа, од Охрид. Како што нагласи првиот човек на градот Никола Бакрачески, благодарение на помошта од германската амбасада голем број дечиња ќе најдат своја рекреативна содржина како и тоа да ги изразат своите имагинации, со што би им се овозможило да бидат …

Јан 20, 2016

Утре започнува второ полугодие, охридските училишта подготвени

Денеска заврши зимскиот распуст и од утре 21ви јануари започнува второто полугодие од учебната 2015/2016 година за учениците од основните и средните училишта. Распустот започна на 30ти декември 2015 година и годинава учениците имаа еден ден повеќе распуст поради престапната година. Од одделението за образование при локалната самоуправа информираат дека во охридските основни и средни училишта се е подготвено за започнување на новото полугодие. Училиштата во градот се снабдени со нафта за греење, а исто така и подрачните училишта во Лескоец, Куратица, Ливоишта, Трпејца, Елшани, Коњско и Далја…

Јан 19, 2016

Верници од цела Македонија и Албанија се крштеваа во водите на езерото

  Андреј, Ката, Марија, Никола, Димитар, Коста, се само дел од православните верници кои беа дел од групното крштевање на Сараиште. Годинава по шести пат во водите на Охридското Езеро, се изврши овој христијански обред на големиот празник Богојавление. Светата тајна, крштение, денес ја примија над дваесеттина некрстени лица, на различна возраст, меѓу кои верници од  Кичево, Битола, Ресен па дури и соседна Албанија. Велат чуството е прекрасно а и секој кој е некрстен треба да го доживее.„Од Кичево сум, татко ми ми кажа, и не случајно сум тука на Богојавление. Ние сме од Мала Преспа и сакав …

Јан 19, 2016

Петар Рупески по трет пат најсреќен

Петар Рупески по трет пат најсреќен меѓу стотината верници кои денеска скокаа по Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј. Дваесет и шестгодишниот варошанец  последен пат го фати крстот пред две години кога посака среќа во животот и вработување.Чуството е како прв пат да го фаќам крстот, секогаш е посебно, пресреќен сум што и годинава бев благословен од бога. Иако е многу ладно многу ми е топло во душава. Нема никакви посебни подготовки зџа овој чин. Крстот ќе го фати оној кој е предодреден од бога, вели Рупески.Ово…

Јан 19, 2016

Ансамблот „Билјана јуниор“ е дел од манифестацијата Ден на рибарите

Сарaиште е подготвено за утрешниот ден кога се прославува Денот на рибарите. Подолго време манифестацијата  која се одржуваше на градскиот плоштад ќе се пренесе на оваа локација. Во  одбележувањето  на денот ќе се вклучи и ансамблот Билјана јуниор кој ќе исполни охридски староградски песни.„ Трета година како настапува Билјана Јуниор на Водици на 19 и 20. Сите музичари настапувавме на пристаниште, но по неколку години музичкиот настан се враќа на старата локација каде што се прославува Денот на рибарите на Сараиште. Ќе ја имаме таа чест оваа година ние да бидеме почестени како ансамбл  да ј…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top