Регионалниот Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец.Лицето се стекна со кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „незаконит риболов”.На 26-ти јануари годинава, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор ,,Охридско Езеро“ на брегот на езерото наспроти плажата „Потпеш“, го затекнале пријавеното лице со метален чамец и рибарска опрема како врши незаконит риболов. При извршен преглед во чамецот пронајдени биле две рибарски мрежи.
Дел од охридските советници се незадоволни од писмените одговори кои ги добиваат на нивните прашањата упатени до Локалната самоуправа во Охрид. Вообичаена пракса е на седниците наменети за советнички прашања секој советник да има право да постави две а по договор и три прашања, со можност да добијат и писмен одговор, од страна на надлежните во општина Охрид. Оливија Пирузева Јанева, советничката на СДСМ посебно е револтирана на одговорот кој го добила на прашањето кое се однесува за увид во документацијата за изградба на затворениот пливачки базен, па посочи пример од односот на одговор…
Денес Локалната додели 85 стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образование. 40 од нив се за основците, 35 за учениците од средните училишта и 10 за студентите. Вредноста на сите нив изнесува 1 174 500ден. За средноошколците и основците се издвоени 1 012 500 ден, а за студентите 162 000 ден. Овие суми се за 80% повисоки од минатата година. Основците ќе добиваат по 1500 ден. месечно и тоа за време од девет месеци, а средношколците и студентите по 2000 ден. Александар Грунчески кој е ученик во деветто одделение во ОУ „Христо Узунов“ по трет пат добива ваква стипен…
Охридските пчелари по подого време се задоволни од минатогодишната реколта на медот. Минатата сезона пчеларите извадиле во просек 15 килограми високо квалитетен мед од пчелно семејство, информира Тони Јосифоски, претседател на охридското здружение на пчелари. Години наназад приносите на мед се во опаѓање, па пчеларите се задоволни и со овие приноси. Тие се свесни дека успешноста во дејсноста со која се занимаваат зависи од нивното обединување и пратење на современите научни знаења и технологии во пчеларството. Засега охридските пчелари не може да го следат примерот на охридските овошт…
И покрај донесено решение од општинскиот инспекторат за отстранување на летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, дрвената конструкција сеуште стои на истата локација.
Поминаа два месеци откако инспекторатот усно и писмено го известил сопственикот на објектот дека истиот треба сам да ја отстрани конструкцијата. Кога ТВМ претходно известуваше на оваа тема, на крајот од минатата година, од општинскиот инспекторат, преку Одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа, бевме информирани дека доколку сопственикот на објектот не постапи по решението во законски предвиде…
Од денеска, 19-ти јули, TUI Fly ќе лета во текот на летната сезона 2021 година со два лета неделно, во понеделник и петок, до крајот на септември. Во овој период се очекуваат вкупно 20 летови, со вкупно 3.520 холандски патници, односно туристи на Охридското Езеро.
„Како ТАВ Македонија, со задоволство можеме да кажеме дека сезонските летови на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид продолжуваат, со што се враќаат патниците и туристите од нашите традиционални влезни пазари на Охридското Езеро, а тоа е уште еден позитивен показател за закрепнувањето на македонскиот воздушен сообраќај. По подолг…
Ловџии, пчелари и љубители на природата информираат дека годинава низ охридските шуми забележуваат поголема појава на чаури со ларви од пеперутки на дрвјата. За да ја провериме ова информација стапивме во контакт со ЈП Македонски шуми, НП Галичица и Државниот инспекторат за шумарство.
Од ЈП Македонски шуми и НП Галичица немаат конкретни информации за состојбите на терен. Државниот инспектор за шумарство Стојан Трајкоски информира дека заедно со ЈП Македонски шуми подрачна едниница Галичица деновиве ќе излезат на терен за да направат увид. Вети дека за десетина дена ќе имаат целосна сли…
Дадено зелено светло за отварање на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во Пештани. Комисијата пред две недели направила увид на просторијата и дворната површина и констатирала дека условите се идеални за згрижување деца.Веќе сме целосно подготвени за отварање на паралелката. Со помош на Министерството за труд и социјална политика и на Локалната успеавме да ги докомплетираме сите работи. Чекаме само термин кога ќе може бугарскиот конзулат да присуствува, бидејќи дел од средствата за изградба на оваа просторија ги донираа тие, вели Розе Костеска, директорка на ЈОУГД „Јасна Р…