Турската амбасада во Македонија „на најсилен начин го осудува“ синоќешниот недоличен израз на главниот и одговорен уредник на Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас, кон турскиот народ.Осудата уследи по синоќешното интервју со лидерот на опозицијата Зоран Заев, во кое уредникот на Сител му рече на претседателот на Социјалдемокрадскиот сојуз дека „лаже како Турчин“.
Во наредниот Дневник, Латас им се извини на сите Турци, турската нација и на турската држава. И покрај извинувањето, од турската амбасада реагираат дека уредникот на Сител е далеку од состојбата да ја надомести штетата од вакв…
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан – Бајрам до сите охриѓани од исламска вероисповед и до Исламската верска заедница во државава со желби празникот да го минат во добро здравје и убаво расположение.
– Примете ги моите искрени желби овој голем верски празник да го минете во добро здравје, среќа и благосостојба . Посакувам празнувањата да ви минат во духот на традицијата и обичаите делејќи радост со најблиските и пријателите. Во духот на празнувањето да се потсетиме на вистинските вредности, разбирање, толеранција и …
Три месеци не делат од стартот на туристичката сезона. И ова лето по се изгледа во македонскиот туристички бисер по парковите, плоштадите, улиците ќе шетаат глутници бездомни кучиња. Решението на овој горлив проблем со години наназад се гледа во изградбата на стационарот за кучиња кој барем досега е само пуста желба на граѓаните. Веќе извесен период, без скоро никакви средства, со повремени донации од странци како и дел општински средства, активистите од здружението Анималиа се борат за изнаоѓање на најадекватното решение за проблемот со кучиња скитници, но хумано решение кое ќе се погрижи …
Се менуваат азбестните водоводни цевки со нови на Булевар Туристичка од потегот на ЈП за Стопанисување со станбен и деловен простор до пресекот со улицата Јане Сандански. Со тие активности ЈП Проаква со поддршка на ЛС ја реконструира застарената водоводна мрежа, информира Љупчо Танески, портпарол на Одделението за комунални дејности и сообраќај.„ Станува збор за поставување нова водоводна инсталација и мрежа во должина од 300 м. Во првите 200 местри ќе биде поставена цевка со профил фи 110, а останатите 100 метри се редуцира на 63 фи замена на старите азбестни цевки со нови полиетиленски…
Украдени 30 пловидбени знаци. Станува збор за езерска сигнализација која Министерството за транспорт и врски ги постави минатата година долж ревиерата на Охридското Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништа Горан Устијаноски, обвинува дека жалосна е сликата кога се посегнува кон добрата кои се наменети за зголемување на безбедноста во водениот сообраќај. Тој кажа дека од ваквиот несовесен чин, капетанија претрпела штета од околу 2000 евра.„ Станува збор за една дрска кражба посебно на предмети кои придонесуваат за безбедноста. Се работи за пловидбени знаци кои некому некогаш со некакв…
Нов пристап кон англискиот јазик, час за детски приказни на англиски јазик. Волонтерите на Црвениот Крст, Охрид се подготвуваат за новиот пролетен циклус од оваа програма кој започнува на 28 февруари. Станува збор за програма која се реализира уште од 2009 година, како идеја на волонтерите на Црвениот крст Охрид и волонтерите на Мировниот Корпус од САД во Македонија. Како што истакна проф. Љубинка Трпеска, часовите се наменети за најмладите, односно за дечињата од 4-7 годишна возраст. Таа додаде дека оваа програма всушност не претставува класичен курс по англиски јазик, туку опфаќа повеќ…
Во зависност од временските услови и вегетациониот период на растителниот свет во Охридското Езеро, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” редовно спроведуваат акции за чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј. По налог на општинскот инспекторат оваа работна седмица се реализира чистење на наносите од муљ, трска и натрупан комунален отпад во крајбрежниот појас во близина на Холандскиот Парк. Чистењето, подигањето и транспортот на наносите од муљ се изведуваше со багеровање со специјална механизација (ровокопач-ИЦБ и камион ФАП), при што се подигнати околу 20 м3 муљ.
Британскиот амбасадор во нашата земја Чарлс Гарет, оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Во разговорот беа разгледани повеќе прашања, кои се од интерес за Охрид и Обединетото Кралство. На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за која соговорниците се согласија дека треба да се вложат максимални напори и добра волја на сите политички актери, за надминување на постоечката состојба.Градоначалникот Бакрачески го запозна британскиот амбасадор, со плановите за развојот на Охрид и перспективите кои ги нуди нашитот град. Двајцата соговорници …