Можност за привлекување на уште поголем број на туристи од Србија, но и конекција со остатокот од светот доколку се оствари авио линијата Охрид-Белград. Ова се предвидувањата и очекувањата кои ги има локалната самоуправа по одржаната средба на делегација од општина Охрид предводена од градоначалникот Бакрачески и амбасадорката на Република Македонија во Србија, Вера Јовановска-Типко со генералниот директор на „Етихад“ групацијата односно „Ер Србија“, Дане Кондиќ. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој потенцира дека оваа средба дошла на иницијатива на „Етихад“ групацијата, вели де…
Општина Охрид има потреба од вработување работник на неопределено време на работна позиција телефонист.
Кандидатите кои сакаат да се пријават на огласат може да ги погледнат условите кои треба да ги исполнуваат на следниот линк:
Охрид покажа дека има големо срце, за ретките болести. Во тек е интернационалната кампања „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!”, која ја организира Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Претседателката на Алијансата Весна Алексоска, нагласи дека во сите градови во земјава се обидуваат да најдат организации или волонтери кои сакаат нешто да направат и да помогнат, што повеќе луѓе да се приклучат кон ваквите акции како и тоа што повеќе луѓе да ја покажат својата хуманост, топлина и емпатија за луѓето со ретки болести преку прегратка.
„Мислам дека сето тоа се должи на …
Покрената иницијатива за именување на некоја од главните охридски улици со името на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков како и поставување на негово спомен обележје. Ова само како предвесник на денешното чествување на 108 годишнината од неговата херојска смрт за вечните македонски идеали. Претседателот на комисијата за одбележување на празници и манифестации, Дејан Паноски вели дека во реализацијата на оваа иницијатива ќе бидат вклучени историчарите, како и семејството на Бошњаков како би се донела најправилната одлука.
„Во иницијативата е напоменато една од главните улици во Охрид, тоа ќе …
Денес ненадејно почина нашиот сограѓанин Кољчо Петкуќески. Петкуќески беше еден од основачите и главен организатор на детскиот фестивал Распено Рибарче, организатор на голем број концерти во Охрид и Македонија, ценет од цела македонска естрада.
Коле Петкуќески, долги години беше раководител и на Школата за модерни танци. Организирал повеќе стотици културно-забавни настани, а освен школата за танци, го организираше традиционалното детско музичко фестивалче – „Распеано Рибарче“. Првото „Распеано рибарче“ беше организирано во 1998 година. Благодарение на ентузијазмот и несебичното залагање на…
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во интензивна соработка со повеќе институции околу реализирањето на идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Дека постои вистинска подготвеност да се реализира овој проект говори и фактот што оваа идеја односно проект е веќе дел и од програмата на Републичкиот совет за безбедност. Замислата е ова велосипедско поврзување помеѓу двата соседни града е да се направи по стариот пат Охрид-Струга.
„Идејата е да се направи една коловозна лента, да се издвои, физички да се издвои, со соодветна сообраќајна сигнализација, со што таа коловозн…
Со преставата Убавицата и ѕверот охридскиот народен театар ја започнува театарската сезона на детски престави. Оваа премиера ќе биде изведена од петмина актери кои со својата сензитивна игра имаат намера да ја привлечат не само помладата публика туку и повозрасните. Тоа всушност е една љубовна драма во која може дa се видат вистинските вредности на човештвото преку одредени ликови кои играат во преставата. Тоа е една драматургија убаво извезена, вели директорот на охридскиот народен театар, Горан Стојаноски.Јас успеав да видам неколку од пробите и сватив дека се работи за високо сензитив…
Да му помогнеме на малиот Кирил кој само што зачекори во животот мора да се бори со тешка болест. Ова единаесетмесечно бебе чиј татко Горан потекнува од Охрид боледува од многу редок тип на малигден тумор на левата хемисфера од големиот мозок.
Неговото лекување чини помеѓу 70 и 90 илјади евра во зависност од ефективноста и начинот на лечењето. Средствата се итно потребни бидејќи лекувањето на малечкиот Кирил мора да започне наредната недела во Израел, а семејството Митрески кои моментално се наоѓаат во Киев, не можат сами да ги обезбедат овие средства. Горан и Марија во апелот кој го објав…