Мар 5, 2016

Неколку охридски улици без јавно осветлување

  Деновиве без јавно осветлување останаа улиците „Момчило Јорданоски“ и „Марко Цепенков“ од Охрид. Граѓаните кои живеат на овие улици сведочат дека неколку денови се движат низ темни сокаци и укажуваат дека со модернизацијата на новиот систем за осветлување со лед диоди не очекувале ваков проблем. Како причина за ваквата состојба, од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици ги наведуваат временските прилики и силниот ветер кој што го зафати нашиот регион. „Во дослух со Јавниот приватен партнер дознавме дека направило определени проблеми на различни локации од територијата на општи…

Мар 5, 2016

Дополнителни корективни вежби во охридската детска градинка

Реномирани професори по физичко образование ќе ги вежбаат децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ за правилен физички развој. Со тоа и воспитувачите ќе стекнат знаења, кој тип на вежби се препорачуваат за правилен развој на дечињата, со цел да се помогне некои одредени проблеми кај децата да се корегираат. Како што за ТВМ изјави директорката на градинката Розе Костеска, намалена била границата на рбетни деформитети кај децата, па затоа одлучиле да се воведат вакви часови со цел навреме да се откријат таквите проблеми и корективно да се влијае уште на помала возраст. „Точно од тие причини е прифат…

Мар 4, 2016

11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул

11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“ каде малиот Кирил треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек. Драги наши пријатели, сограѓани и граѓани на Македонија. Најпрво од срце ви благодариме за вашата несебична помош, хуманост и љубов. После многу консултации со многу клиники (Израел, Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австрија) и многу доктори неврохирурзи и онколози решено е лекувањето на Кирил да се спроведе во Турција во болницата Аџибадем од …

Дек 27, 2021

НЕ МОЖЕ ЗА СЕКОЈ НОВ СОЈ НА КОВИД ДА ВОВЕДУВАМЕ РЕСТРИКЦИИ, СОСТОЈБАТА Е МИРНА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

Дополнителни рестрикции не треба да се прават, ниту поради Омикрон, ниту поради евентуален нов сој на коронавирусот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Гинеколошката клиника во Чаир. Тој вели дека во моментов нема знаци на влошување на епидемиолошката состојба и дека сите треба да се научат да живеат со општите превентивни правила и да се зголеми степенот на вакцинација, оти, како што вели, тоа е излезот од кризата. „Не можеме ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, сè до еден момент додека не ја влошува с…

Мар 4, 2016

Универзитетот Св.Апостол Павле ќе ја интензивира научната соработка со научен институт од Јапонија

Интензивирање на научната соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Нара-Јапонија. Ректорот на „Св. Апостол Павле“ – проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара – проф. Наотаке Огасавара потпишале договор за соработка помеѓу двете институции. Договорот е потпишан во рамките на посетата на ректорот Марина на Институтот од Нара, а истиот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер на знаења и технологии и со…

Јул 21, 2021

Општина Охрид има склучено договори со приватни сместувачки и угостителски објекти за стопанисување со плажите пред објектите

Вакви договори се склучени со сместувачките капацитети: вила „Свис“, хотел „Холидеј-М“,  хотел „Орце Николов“, хотел „Аквалина“, хотел „Силекс“, хотел „Лагадин“,  хотел „Мизо“, хотел „Десарет“, хотел „Инекс Горица“, хотел „Гранит“, хотели „Метропол“, угостителските објекти „Бонанаца“, „Егоист“, „Голден бич“ и автокамп „Љубаништа“. Правните лица кои се сопственици на овие сместувачки и угостителски објекти, плаќаат надомест на Општина Охрид, врз основа на површината за поставување на урбана опрема, која е наведена во склучените договори. Договорите се активни од 03.07.2021 до 30.09.2021 годи…

Мар 4, 2016

Дали локалната добива надомест за поставената урбана опрема на ул.Коста Абраш на самиот кеј?

Повторно поставена урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото. Иако станува збор за површина намената за пешаци, на оваа локација особено во летниот период се поставуваат маси и столици од околните угостителски и хотелски објекти. Комуналната инспекција летово ова донекаде го регулираше со посебниот режим на сообраќај за тој дел од градот, а сега ќе утврдува дали поставената урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото е поставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест. Портпаролот на општината, Томе Џамтоски вели дека нивните с…

Мар 4, 2016

Да се плати на рати

Дел од родителите на учениците во трета година во средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ кои во средината на април треба да одат на екскурзија во Будимпешта и Виена, реагираат на начинот на плаќање на сумата за екскурзијата. Оваа тура чини 200 евра, а како најдобар понудувач на тендерот кој го распиша училиштето е избрана ТА Вис пој. На родителската средба која се одржала во месец декември на родителите им било кажано дека сумата ќе се плаќа на три рати. Но поради доцнење на целокупната процедура околу изборот на агенција сега сумата ќе треба да се плати на две рати. Тоа на родит…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top