Најмладите во чест на Прличев. Денес во просториите на Култура 365 се рецитираше „Сердарот“ антологиската поема на нашиот ловороносец Прличев, како и литературните творби кои беа наградени на конкурсот „Охрид, Прличев и јас.“ Младите охриѓани од охридските основни училишта го дадоа најсветлиот придонес во достојното одбележување на годишнината од доделувањето на ловоровиот венец на Прличев. Еден од членовите на жири комисијата која ги оценуваше творбите, нашиот охридски автор, Смиле Наумоски вели дека навистина имале тешка задача.
„Го бараме естетското, во литературата и секако дека исто т…
Затварањето на патниот правец е заради потребата од реконструкција, а истовремено и обезбедување на сигурност и безбедност при вршењето на градежните активности кои ќе следат во гореспоменатиот правец, а ќе бидат изведувани од страна на А.Д. Илинден – Струга.
Поради бројните реакции кои пристигнаа до Јавната установа Национален парк Галичица, а и заради обезбедување на непречен транзит низ Националниот парк, секако во согласност со безбедносните мерки кои треба да се преземат при вакви активности, беше извршена комуникација со изведувачите на работите следствено на што ја известуваме јавно…
Охридската филмска академија отворена за граѓаните. Секој четврток со почеток од 20 часот тие организираат бесплатни филмски проекции од богатата дигитална датотека на филмови кои ги поседуваат. Со ова, охриѓани ќе можат да погледнат некои од најдобрите холивудски класици, блокбастери, оскаровци, европски, уметнички, како и кратки па и студентски филмови сосема бесплатно.
„Се набави еден одличен можеби и најдобар филмски проектор во Македонија досега што сме го имале со 4К излез, и се набави платно кое е некаде 6 на 9 метри долго кое е монтирано на ѕид и кое се спушта и крева по потреба. И…
Студио за монтажа на звук и слика, четири админстративни канцеларии, две големи училници, една за сценаристика и драматургија опремена со 4К телевизори и звук, и една за катедрата за креативна продукција опремена со платно за проекција на филмови, сараунд систем. Филмската академија од Охрид на добар пат да стане вистински клон на братската филмска академија од Чешка, ФАМУ. Предавања на англиски јазик, 24 реномирани професори исклучиво од чешката академија, како и двајца гости од Универзитетот Колумбија од Њу Јорк и Филмската академија од Њу Јорк се само дел од предиспозициите кои според ди…
Паркинзите вечна тема за охриѓани. Особено вниманието го привлекуваат оние бесплатните каде охриѓани може да паркираат без надомест, под услов да најдат слободно место. Бесплатен паркинг пред основното училиште „Братство Единство“ кај Крст Џамија, по должината на улицата „7ми Ноември“ до автобуската станица од едната страна, потоа едната страна од улицата „Јане Сандански“, дел од „Македонски Просветители“ пред полицијата како и дел од булеварот „Туристичка“.
Ова се локациите каде охриѓани може бесплатно да паркираат иако потврда за тоа не добивме од локалната самоуправа која со одлука на с…
Литературна средба, Пораката од „Сердарот“ и тежината на златниот венец на ловороносецот. Оваа несекојдневна дружба со истакнатиот професор д-р Никола Бошале, се одржа во Прличевата одаја на НУ „Библиотека“. Генерално досега не се појавил автор во Охрид, кој ги собрал на едно место легендите и преданијата за Прличев, а мојот труд во кој изнесов три легенди кои ги пронајдов, нека биде појдовна точка понатаму за идните автори, кои се занимаваат со ликот и делото на големиот поет“, истакна Бошале во неговото впечатливо излагање.
„Еден од мотивите што сум тука е да регрутирам коавтори на ле…
Одбележан 71виот роденден на Општинската организација на Црвен крст Охрид. На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите општински организации, на 26 март 1945 година е формирана охридската организација. По тој повод денес беше отворена изложба на фотографии и изданија кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвениот крст на Македонија и Црвен крст Охрид.Се одлучивме на ваков начин наодбележување на роденденот бидејќи сакавме посебно најмладите да видат преку фотографиите од нашата архива како растела и се развивала о…
Утре со почеток во 20 часот и 15 минути во Спортско Рекреативниот центар „Билјанини Извори“, охриѓани ќе ги одмерат силите со Тинекс Пролет, ретка екипа која во минатите сезони славеше над гладијаторите во Охрид. И покрај лошата историја охриѓани се фаворити на овој дуел бидејќи во првиот дел од шампионатот славеа на гостувањето во Скопје. Иван Тасески, кажа збор два околу нивните очекувања.
„Ни доаѓа една незгодна екипа која две години со ред губиме на домашен терен. Во зимскиот преоден рок се појача со неколку играчи , но ќе го дадеме ние максимумот за да ја оствариме својата победа…