Ќе се подобруваат пристапните места за лицата со попреченост до музејските збирки во градов. Завод и музеј како и невладините организации имаат можност да аплицираат со проекти за добивање грантови во висина до 4000 евра за оваа намена. Рокот за аплицирање е до 4 мај. Проектите се финансирани од фондацијата Ставрос Ниаркос. Рокот е краток за аплицирање затоа ги повикувам сите заинтересирани невладини организации кои се во можност да изготват ваков проект да го сторат тоа и да го достават до Завод и музеј па ние ќе аплицираме во нивно име, објаснува Горан Патчев-архитект при Завод и музеј.За…
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска во седиштето на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА во Скопје присуствуваше на работен состанок во врска со интензивирање и динамизирање на процесот за изградба на нова училишна зграда за ООУ „Братство Единство“ во непосредна близина на „Крст Џамија“.Градоначалникот Пецаков ја истакна заложбата и посветеноста на Општина Охрид за конечна реализација на овој проект. Воедно изрази жалење за застојот во активностите, пред се поради досегашната непосветеност на локалната самоуправа за конечна реализација на овој значаен прое…
9 члена актерска екипа е подготвена пред охриѓани да ја одигра премиерата на претставата Парламентарки. Ова е 5-та премиера на охридскиот театар. Претставата е инспирирана од комедијата „Жени во народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
„Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а од друга се заминава со човековата глупост во желбата за власт и моќ, напоменува драматургот Сашо Димоски.Потребата да се напише нов текст произлегува од глобалните и локалните политички настани кои станаа дел од нашето секојдневие од кое не мо…
На 24/25.07.2021 година од 23 до 05 часот, на целото подрачје на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници кај 14 возачи констатирале присуство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-05).
Тие се исклучени од сообраќај и против нив се поднесени соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел, зголемување на степенот на безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта – информираат од СВР Охрид.
Околу 23 000 коминтенти од Охрид сметките за потрошена вода ќе можат да ги подмират електронски. Оваа новина, односно пакет услуги во работата на МЈП Проаква на прес конференција ја соопшти директорот, Томе Паскалоски. Тој истакна дека како ЈП се први во регионот кои го воведуваат електронското плаќање на сметките, сметајќи дека со ваквиот начин на плаќање се добива поголема економичност, заштеда на човечки ресурси, ангажирање на вработени, заштеда на материјални средства, хартија и сл, намалување на редовите и гужвите во службите каде што се наплатните пунктови како и намалување на гужв…
За поуспешна заштита од настанување на евентуални пожари, Дирекцијата за заштита и спасување ги посочува следните предупедувања до сите граѓани на Република Македонија:
-да не се пали оган на отворен простор и небезбедни места-да не се палат стрништа, меѓи и други површини-да не се фрлаат стаклени шишина и друга стаклена амбалажа-да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал-да не се фрлаат остатоци од цигари
Училиштата се здружија заеднички да ги решаваат недостатоците кои се јавуваат при изучувањето на програмата по предметите математика и македонски јазик. Учителите од пониските одделенија во основното образование воочиле некои проблеми со кои се сретнуваат учениците во јазичната и математичката писменост и се нафатиле на стручен начин да работат на тој проблем. Ова е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ кој го спроведува фондацијата „Чекор по чекор“. Ова вмрежување на училиштата ќе им помогне да користат туѓи искуства при изнаоѓањето на механизми како да се решат овие проблеми…
На пресекот од улиците 15 -ти Корпус и Веле Марков, ЛС постави сообраќајни знаци кој покажуваат обележан премин. Жителите поставените знаци ги добија по одржаниот состанок со преставници од ЛС со жителите од оваа урбана заедница. Жителите покрај ова побараа надлежните да им решат и другите инфраструктурни проблеми. Дејан Анѓелески, претседател на оваа УЗ вели дека работите почнале да се придвижуваат после одржаната средба. „ Ставија знаци.На игралиштето на улицата Мирка Гинова се зедоа мерки за да се постави ограда со соодветна висина. Ветија дека за две недели ќе ги асфалтираат д…