Охридската планинската спасителна служба интервенираше во евакуација на Украински параглајдерист. Параглајдеристот не бил повреден, но поради висината на стеблото на кое се закачил, не можел самостојно да се спушти.
Бил мобилизиран еден тим од ПСС, кој со теренско возило и соодветна техничка опрема се упатил на терен. Тимот пристигнал на 1300 м надморска височина, длабоко во густата букова шума на Војтино, каде ги затекнале пријателите на заглавениот параглајдерист. Тие претходно 5 часа безуспешно се обидувале да му помогнат. Веднаш бил поставен систем за извлекување на параглајдеристот, к…
Готвачите на ГАСТРО МАК на 10-тото меѓународно отворено првенство на Црна Гора Будва 2016, во организација на Здружението на шефови на кујни на Црна Гора, освоија 5 награди, 4 медали, од кои 2 златни и 2 бронзени медали и една диплома за 4-то место.
Македонскиот тим настапи со тројца натпреварувачи во сениорска конкуренција, од кои едниот е Влатко Ѓорѓиески, шеф на кујна во хотел ”Бетон” – Охрид. Согласно пропозициите во поединечна конкуренција натпреварувачите подготвуваа: топло предјадење од риба и морски плодови, главно јадење и десерт.
Шефовите на Здружението на готвачи, ГАСТРО МАК, …
Основците од градов ем ја покажаа својата хуманост, ем ги покажаа нивните способности за ориентација во просторот. Втора година по ред, учениците организирани во екипи имаа задача преку дешифрирање на загатки, да откриваат локации, на кои добиваа нови загатки за истражување на нови локации. Една од целите на овој натпревар, покрај хуманата димензија е младите да си ги зајакнат вештините за ориентација во просторот, тимската работа, снаодливоста и брзината, но и да го запознаат градот.
„Денеска се одржа хуманитарниот натпревар по ориентација „Компас 2016“ кој го организираа младите од Црвен…
Распоред на богослужбите во охридските цркви за богослужбите за Велигденските празници. 26.04.2016-ВЕЛИКИ ВТОРНИК
НАУТРO: Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7ч.ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17ч. 27.04.2016-ВЕЛИКА СРЕДАНАУТРO: Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија,едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7ч.ВЕЧЕРТА: Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 17ч.
28.04.2016-ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОКН…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид.
При претрес извршен во два стана во Охрид што ги користел пријавениот, пронајдени и одземени се 80 семки од растението Cannabis sativa.
Откако набавил одредена количина опојна дрога марихуана, пријавениот Г.А. во својот дом ја препаковал во помали количини со цел понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид а дел оставил за лична употреба.
На 09-ти ноември мината…
Промовирано видеото за одличната инструментална преработка на охриѓанецот Мартин Милески на нумерата „Кој да ми запее“ од нашата позната музичка дама, Каролина Гочева . Милески кој на охридската јавност и е познат по неговите преработки на бројни светски хитови пред се од рок музиката, денес го промовираше своето прво професионално изработено видео пред охриѓани. Видео спотот е изработен во соработка со Николче Мицески и Весна Малинова.
„Видеото беше во изработка седум недели, прилично долго време и беше макотрпна работа. Како камерман ми беше Кристијан Љушев, монтажер ми беше Влатко Дојчи…
Денес е Лазарева сабота. Денот кога младите моми, лазарки го најавувале Велигден и доаѓањето на пролетта. Традицијата на одење од куќа до куќа и пеење песни најчесто со шеговита содржина веќе трета година со ред полека но сигурно ја заживуваат младите девојчиња од куд „Ѓердан“. Тие и денес ја продолжија оваа подзаборавена традиција која некогаш била препознатлива глетка за Лазарева сабота.
„Лазара е празник пред Велигден, ден во кој ние од нашето културно уметничко друштво сакаме со цел да ја обновиме традицијата, со одењето низ куќите во Охрид, сакаме домаќините на куќите да ги вратиме во…
Екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид, синоќа со дополнителна работа.
Неколку пожарникари со помош на вода ја миеја општинската зграда од остатоците од фрлени јајца по завршувањето на вчерашниот протест на неформалната група #протестирам. На лице место, синоќа и секретарот на општината Димитар Спасески под чие будно око, пожарникарите ја чистеа општинската фасада.
На синоќешниот протест на неформалната група #протестирам кои по втор пат од Охрид побараа оставка од претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов, настрада општинската зграда односно зградата на Агенцијата за ка…