Апр 27, 2016

Измерени -1´C утрово во Охрид

Денот ќе биде претежно сончев. Сосема мало наоблачување локално се очекува попладне во западните и северните краишта. Минималната температура низ поголем дел од котлините се спушти до вредности помеѓу -1°С и 3°С, а на повисоките места помеѓу -3°С и -1°С. Денот ќе биде релативно топол. Максималната температура ќе има вредности помеѓу 17°С и 20°С во котлините во западниот и северниот регион, а на југоисток околу 22°С.Минималната температура ќе се спушти до околу 1°С. Денот ќе биде генерално сончев, а максималната температура ќе достигне до околу 20°С.

Апр 27, 2016

Женски Центар „Бисера“ објавува литературен конкурс на тема „МАЈКА“

По повод Мегународниот ден на мајката 15 Мај, Женски Центар „Бисера“ Охрид, објавува награден конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема „МАЈКА“. Конкурсот ке трае до 11 Мај 2016 год. Литературните и ликовните детски творби треба да се достават во канцеларијата на Женски Центар „Бисера“ Охрид,која се наога на ул. Димитар Влахов Бр. 8 Охрид во време од 11 до 13 цасот секој работен ден.

Апр 27, 2016

Продолжуваат работите на патот Охрид-Кичево, денес прекин поради минирање

Поради обемните градежни работи, минирање на земјиштетот заради изградба на тунелите, најзава за прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево. Денес, (27.04.2016) патниот правец Кичево – Охрид, кај Пресека, ќе биде во прекин поради минирање, во интервали од 15 до 20 минути, во период од 13:00 до 15:00 часот.

Апр 26, 2016

РК Охрид утре го чека нов спортски предизвик со екипата Зомимак од Струмица

Охридските ракометари, утре имаат  нов спортски предизвик. По низата победи во Купот на Македонија и пласманот меѓу 4 најдобри екипи во Македонија. Охриѓани ќе имаат спортски дуел со струмичките ракометари од Зомимак. Тоа е екипа која ова агодина беше претставник во европските купови, истакна Горан Андоновски тренерот на РК Охрид.„ Ние уживаме во овие натпревари и играчите го даваат својот максимум и покрај тоа што во изминативе 7 -8 денови имавме тешки натпревари. Се надеваме дека ќе собереме сила и ќе продолжиме со нова победа иако ќе биде тешко. Струмица во првите  два меча против Прилеп…

Јул 26, 2021

Георгиески на прес конференција во врска со одлуката на Унеско

Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО му даде на Охридскиот регион уште една шанса и дополнителен рок од две години за зачувување на Статусот на заштитено подрачје. Тоа се должи на досегашните испорачани резултати на општина Охрид во исполнување на препораките на УНЕСКО, истакна градоначалникот Константин Георгиески во неговото денешно обраќање на прес конференција. Ова особено се однесува на сериозните и континуирани активности кои Општина Охрид ги презеде во делот на отстранување на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на одред…

Апр 26, 2016

Промовирана студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид

  Со студија за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид ќе се заштитува неговото културно и историско богатство. Горан Патчев, архитект- конзерватор во Завод и Музеј кој ја промовираше оваа студија рече дека таа е севкупност од мерки за зачувување и активно вклучување на недвижното културно наследство во животот на заедницата, како фактор на одржлив општествен развој, особено во областа на планирањето и уредувањето на просторот, инвестициската изградба, заштитата на животната средина и природата. Се соочуваме со нарушување на автентичноста на старото градско јадро кое траело …

Апр 26, 2016

Легна нов асфалт на ул „Александар Турунџе“

  Легна нов асфалт на ул „Александар Турунџе“. Асфалтирана е површина во должина од 300 метри и ширина 3 метри со проширување на банкините од страна. Со тоа се реши уште еден приоритетен проблем, на месното население од Урбаната заедница „15 ти Корпус“ и Велгошти, истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески. Додаде дека тоа е во рамки на интензивната активност на Локалната самоуправа во делот на уредување, реконструкција на улиците низ цела општина. „Оваа Локална самоуправа уште еднаш во текот на оваа пролет покажа дека се грижи за потребите на граѓаните на општина Охрид и ги сервиси…

Апр 26, 2016

Успешно реализирано јавното приватно партнерство за осовременување на уличното осветлување во Охрид

Презентирани придобивките кои  Охрид ги доби по преземањето на чешката фирма ICS системи да го одржува  јавното улично осветлување. Претставници на компанијата и нивни соработници ги искажаа техничките поединости од функционирањето на јавното осветлување со лед светилките и реализацијата на проектот со јавно приватно партнерство помеѓу  чешката  фирма и општина Охрид. Од 2015 до денес, во првата фаза на реализација на одржување на јавното улично осветлување од страна на чешкиот партнер,  целосно се заменети 7627 лед светилки, инсталирани се над 460  автентични фенери во стариот дел на градо…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top