Обилните дождови на одредени делови во Охрид предизвика проблеми. Граѓани јавуваа за поплавени имоти и подрумски простории, улици и земјоделски површини во населбите Далјан, Туристичка, Железничка, Лескајца и на улиците Марко Цепенков и Кленоец.
Данчо Нически жител на улицата Железничка, се пожали дека реката Сушица му поплавила земјоделски површини со насадени градинарски пластеници.
„Поради неисправност на каналицијата за атмсоферска вода кај мостот се полни цевката со вода од реката. Кај што е пониско преку канализацијата се вливаат водите во нивите. Не е прв пат, вака е со години нана…
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 302 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Зимската грејна сезона им носи проблеми на соседите во станбените згради. Чести се појавите на чад во соседните станови заради проблеми со чадоводните канали во зградите или пожари, информира инспекторот Сашо Тодоровски, од Дирекцијата за заштита и спасување. Од дирекцијата која е задолжена и за надзор на заштитата од пожари како причини за ваквите појави ги наведуваат не исчистените оџаци, оштетените чадоводни канали од земјотреси или лошата градежна изведба. Споровите помеѓу станарите често завршуваат и на суд, вели инспекторот Тодоровски.
„Пред да почне употребата на оџаците да се врши …
Бидејќи на 22.11.2021 година (понеделник) се одбележува празникот „Ден на албанската азбука“, поради тоа неможноста за присуство на седница на дел од членовите на Советот, а со цел да се овозможи присуство на сите советници, се презакажува 3-тата седница на Советот на Општина Охрид закажана за тој ден., информираат од Локалната Самоуправа.
3-тата седница се презакажува за ден 24.11.2021 година (среда) со почеток во 8:30 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид-голема сала.
Во текот на изминатото деноноќие(07/08.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 203 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваатмерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните.
Новите простории ќе обезбедат доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што ќе се утврдат основите за акредитација на лаборатор…
Германската осигурителна компанија „Мјуних Ре” (Munich Re) соопшти дека природните катастрофи мината година предизвикале штета од 210 милијарди американски долари ширум светот.Најголема штета од природните непогоди е предизвикана во САД.Сумата е поголема за 25 проценти во споредба со 2019 година. Осигурителните загуби бележат раст од 44 отсто односно 82 милијарди долари.Сезоната на урагани во 2020 година беше „хиперактивна” со рекордни 30 бури. Досега рекордна година беше 2005, кога имаше 28 урагани.Топлотните бранови и сушата, што предизвикуваат шумски пожари минатата година во западниот д…
Христовото раѓање, Божиќ е највеселиот празник во Христијанската вера и се слави три денови. Каде и да си за Божиќ дома да си! Е добро позната македонска изрека.
Овој ден сепоминува дома со семејството, со богата трдиционална трпеза. Вториот ден на Божиќ се нарекува „Божји ден“, кој е посветен на Мајката Богородица. Тогаш луѓето се дружат, одат на гости кај роднини и пријатели и се поздравуваат со поздравот „Христос се роди!“ Вистина се роди!
Нашата богата традиција изобилува со многу обичаи поврзани за Бадник и Божик. Палење на Бадниково гранче, посна бадникова вечера на која Бог се кани…