Апр 29, 2016

Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата се веќе претесни

Граѓаните кои се возат со јавниот градски превоз велат дека комбињата со кои тој се врши се веќе претесни. Посебно реагираат оние кои ја користат линијата печијаре-бараки-стобекс. Велат дека поради големиот интерес за користење на градскиот превоз многупати се случува седиштата да се исполнети и дел од патниците да стојат во возилото. Бараат превозникот или да вклучи во превозот поголеми комбиња или пак да зачестат како не би се создавала гужва. Од АД „Галеб“, превозникот кој го спроведува овој градски превоз, велат дека знаат за овој проблем и прават напори да изнајдат соодветно решение. О…

Јул 26, 2021

Пронајдена марихуана кај скопјанец во Охрид

Денеска, 26-ти јули 2021 година, во 14:40 часот на булевар „Туристичка“, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода лицето Е.Н. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Апр 28, 2016

Стужанец со нож ранил двајца охриѓани во тепачка во казино

  Во охридското казино „Адмирал“, синоќа, стружанец со нож тешко повредил две лица од Охрид. Охридската полиција утринава го уапси 35 годишниот Б.Д. од струшкото село Ливада, откако во 1:30 часот, во казиното го повредил Н.М. (34) во градите, а на Е.М. (35) му нанел два убода во слабината и грбот. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот откако со нож ги нападнал и тешко ги повредил двајцата охриѓани веднаш со своето возило го напуштил казиното и се упатил во правец кај Струга. „Таму тој се обидел да се самоповреди во пределот на главата во обид на полицис…

Апр 28, 2016

Петчлено охридско семејство доби социјален стан

Уште едно охридско семејство од ранливата категорија граѓани, претпразнично изненадени. Тие денес добија клуч од стан во социјалната зграда во Охрид. Неизмерна е радоста на главата на семејството Зоран Ѓуров, кој со неговата сопруга и трите малолетни деца 18 години живееле под кирија.„Чуството е прекрасно да се добие стан пред голем христијански празник ни дојде како поклон. Кога го добивме решението сите бевме среќни дома бидејќи дојде ден и ние да го решиме нашето нашето животно прашање бидејќи познавајќи си ги нашите финансиски трошоци тоа за нас ќе беше неостварливо„-вели Зоран Ѓуров.Кл…

Апр 28, 2016

Трпејчани добија повеќенаменско игралиште

Жителите на туристичката населба Трпејца добија повеќенаменско спортско игралиште веднаш до училишната зграда во населбата. Денес тоа беше свечено пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека овој, според него корисен инфраструктурен зафат го покажува балансираниот пристап на локалната за подеднаков развој на сите делови од општина Охрид. Бакрачески потенцираше дека ова е само дел од грижата за правилен раст и развој на најмладите генерации. „Во изградба на игралиштето, учествуваа двете јавни претпријатија основани од општина Охрид, Нискоградба…

Апр 28, 2016

Општинските пакети за ранливата категорија граѓани ќе ги доделува Црвен Крст

  Продолжува праксата елиминирање на иницијативи. Општина Охрид три години наназад нема прифатено ниту една иницијатива на Комисијата за родова еднаквост кај мажите и жените, од социјалната сфера. Оваа забелешка ја упати претседателката на Комисијата, Оливија Пирузева Јанева. И годинава во очи на најголемиот христијански празник Велигден, друг се кити со нашите перја, реагира Јанева. Додава дека нивното барање за спроведувње на оваа иницијатива и годинава паднало во вода. „Добивме одговор од страна на секретарот на општината, дека овие пакети се предвидени во соработка со Црвениот крст да…

Апр 28, 2016

Предвелигденско изненадување за дечињата од градинката во Лескоец

Нови патики лизгалка, кукли и автомобили добија дечињата од градинката во село Лескоец. Тие со нескриена радост ги прифатија подароците и со една детска искреност се заблагодарија на овој убав гест.Овие подароци се обезбедени благодарение на група граѓани кои сакаа на ваков начин да им ги разубават велигденските празници на најмладите. Иницијаторот на оваа акција Горан Топалоски кажува дека нема некоја посебна причина зошто ја избрале токму градинката во Лескоец за да направат еден ваков гест, но додава дека во очи на големиот христијански празник Велигден сакале да поделат жубов и радост м…

Апр 28, 2016

Во пресрет на Велигденските празници во Охрид се одржа саем

На охридскиот плоштад кај Чинарот денес имаше весела, распеана и раздвижена  атмосфера. Охридските занаетчии на  штандови  ги изложија своите рачни ракотворби, солени и слатки специјалитети и накит. На саемската манифестација со свои рачни изработки  се приклучија  основците, децата од градинката и од одделот за гастрономија при ФТУ. Саемската манифестација е под покровителство на Локалната самоуправа , а во организација на градски пазар и охридскиот  Црвен крст.„ Трета година по ред се организира велигденската саемска манифестација  на плоштадот Крушевска Република и се најавуваат Велигден…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top