Астмата е сериозно здравствено заболување кое има тенденција на пораст и кај нас и во светот. Астмата се карактеризиа со стеснување на дишните патишта, а лековите кои се земаат го олеснуваат воспалителниот процес на дишните канали. Д-р Валентина Милошевска, специјалист интернист при ЈЗУ Општа болница – Охрид, од секојдневната пракса од нивниот центар за астма, укажува дека од астма се почесто на удар се жените, а има и повеќе прични за појава на ова заболување.„ Во нашата установа е формиран центар за астма кој постои 10 години. Тука гравитраат заболените од астма од Охрид и соседните …
Охриѓани дисциплинирани за време велигденските и првомајските празници. Иако годинава предизвикот да се биде умерен и да не се претерува со храна и алкохол, бидејќи двата празници беа во ист ден, сепак дежурните служби и во здравството и во полицијата со многу малку настани во нивните дневни билтени. Посебно велигденските празници изминативе години се покажувале како време кога помалку се внимава на внесувањето на храна и пијалоци, а кое може да има последици ако се земе предвид и долгиот пост кој им претходи. Годинава сепак мирно, а најмалку работа во медицинските установи, се чини имало в…
Граѓаните се ослободуваат од непотребниот отпад кој како ќе се снајде. Во контејнерите, покрај нив, покрај патиштата, покрај реките, па дури и во близина на езерскиот брег. Честа е сликата со отпад оставен покрај контејнерите, а покрај различните отпадоци го има и зелениот отпад од делови од растенија и дрвја. Од ЈП Охридски комуналец информират дека засега од тој отпад преработуваат само дел, а за скоро време најавуваат посериозен пристап кон овој вид на подигање на отпадот, информира Трајче Љатков ЈП Охридски комуналец.„Има проект со Југозападен плански регион каде терба да се набави …
Од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет Мобилност бараат пристап до најблиската плажа на охридското крајбрежје. Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност, вели дека неколку години наназад бараат неколку плажи на охридското крајбрежје да се пролагодат за лицата со телесен инвалидитет, како и да се прилагодат туш кабини и тоалети.„Имавме поддршка од Министерството за транспорт и врски дека ќе се остари и реализира тоа што е предвидено во Законот за градба и Правилникот за утврдување на начинот за пристап до објектите и надвор од објектите за лица со телесен инавлидитет, н…
Велигденските празници ги наполнија божјите храмови во градов. Се палат свеќи, верниците се молат за здравје и среќа за нив и за семејството. Во овие последни денови пред веста за христосовото воскресение, свештените лица апелираат за уште помасовна посетеност, следење на светите богослужби за верниците вистински да го слават Бога.
„Слава му на Бога има, посетители има но сепак еве апелирам да не има што повеќе. Ни претстои огромна работа затоа што голем дел од луѓето во знаење или незнаење, свесно или несвесно сепак неискрено пристапуваат и доаѓаат. Овие свети и спасителни денови се за на…
Од полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за 1,50 денари. Цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за еден денар, додека цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм.
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 71 денар/литар
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 73 денари/литар
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 60 денари/литар
Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 62 денари/литар
Мазут …
Непознати сторители ја откорнале поставената рампа на пешачката патека Студенчишта и ги уништиле посадените дрвца на новоизградениот дел на потегот од Бела Виста до Кадмо. Вандалскиот чин најверојатно се случил во текот на ноќта при што сторителите најпрво ја откорнале рампата која беше поставена да ги спречи несовесните возачи со автомобили да возат по патеката, а потоа ги оштетиле и изгазиле и новопосадените дрвца на оваа локација. За овој чин била известена и полицијата која извршила увид на лице место. Инаку рано утринава направената штета беше очигледно санирана, но ваквите вандалски ч…
Се гледа ли крајот на еден од најгорливите проблеми на жителите на туристичката населба Трпејца, немањето на фекална канализација? Градоначалникот Бакрачески информираше дека нивните тригодишни лобирања и интензивни контакти со голем број институции конечно вродиле со плод. Покрај изградбата на фекалната канализација, Бакрачески рече дека ќе биде изградена и пречистителна станица за третирање на отпадни води.
„Ние во текот на минатата година успеавме да обезбедиме средства преку програмите на југозападниот плански регион во кој што активно партиципира општина Охрид за изработка на комплете…