Мај 20, 2016

Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства

Познати се проектите за кои општината одобри  финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик. Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.Најмногу проекти со кои е аплицирано  се од областа…

Мај 20, 2016

Супер пресметка на РК Охрид 2013 пред решавачките натпревари за излез во Европа

Супер интересен дуел за публика и подигнување на моралот кај нашите ракометари. Утре во терминот од 18 часот со салата “Билјанини Извори”, РК Охрид 2013 во дуел со втората најсилна екипа во ракометната Супер лига, екипата на Металург. Воедно ова е првиот натпревар во кој тренерот на Металург, хрватскиот стратег Лино Червар ќе го игра во двојна улога, по неодамнешното назначување за селектор на македонската ракометна репрезентација. Ова според голманот на РК Охрид 2013, Благојче Трајкоски е мотив повеќе и можност за докажување па можеби и од нашиот тим да излезе некој репрезентативец. “Мета…

Мај 20, 2016

Дефиле со пожарникарските возила за одбележување на Денот на пожарникарите

Звучната сирена и ротационото светло на нашите пожарникарски возила денес не значење причина за загриженост. Денес територијалната противпожарна единица од Охрид дефилираше со своите возила низ охридските улици како дел од одбележувањето на 20ти мај, денот на пожарникарите на Република Македонија. По дефилето, во рамките на просториите на територијалната противпожарна единица беше презентирана и пожарникарската опрема која нашите пожарникари ја поседуваат. Командирот на нашата единица, Спасе Прентоски вели дека трендот на намалување на бројот на интервенции ги радува и дека се надеваат на у…

Мај 20, 2016

Македонија подготвена за евро проектот Натура 2000

Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000. Реализацијата на овој проект финансиран од ЕУ, има за цел да го подобри законодавството од областа на заштитата на природата. Даниел Богнер, тим лидерот на проeктот „Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000“ истакна дека Македонија се труди да се приближи кон ЕУ, а во таа насока некои од законите на нашата земја треба да се приближат до европските. „Се однесува на заштита на природата, има две директиви кои треба да се имплементираат овде и ние започпнуваме со тоа. Ние ја спремаме Македонија за Натура 2000, ние т…

Мај 20, 2016

Исчезна 19 годишна охриѓанка

Во охридската Полициска станица, вчера, од страна на 49-годишен охриѓанец било пријавено дека претходниот ден, околу 20 часот од нивниот дом во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Т.Н.(19). СВР – Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Јул 28, 2021

Божиновски: Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот

Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот на 62 седница на Советот на општина Охрид, кој не е во функција на потребите на граѓаните, туку на потребите на изборите кои следат, обвинија денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Зголемените приходи кои се предвидуваат треба да се резултат на зголемени даночни приходи, продажба на неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија и зголемени приходи од глоби. Не се резултат на капитални трансфери од други нивоа на власт, напротив, тие се намалени од 65 милиони денари на 20 милиони денари. За што ќе ги ис…

Мај 20, 2016

Денес дефиле на охридските пожарникари

Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици денес во 10 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20 мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија. Во 10:30 часот во дворниот простор на ТППЕ – Охрид ќе се одржи презентација на противпожарната опрема, а половина час подоцна во работните простории ќе се одржи свечен прием. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено со крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар во Охрид.

Мај 20, 2016

Уште еден меѓународен успех за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Ученици и наставници ментори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на четвртиот по ред меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година во периодот од 12-ти до 15-ти мај се одржа во Техничката Школа во Ваљево, Република Србија. Учениците Филип Милошески – III година, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Јован Цветковски – III година, техничар за компјутерско управување под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Борис Стрезоски и Душко Савески го освоија третото место во силна конкуренција во областа на мехатрониката. Учениците изработија проект „Транспортна …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top