Синоќа со настапот на пејачката група и оркестарот од Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид во Трпејца успешно беше заокружено десеттото јубилејно издание од Културно – забавното лето „На зајдисонце“.
Под уметничко раководство на Татјана Тренеска младите изведувачи и инструменталисти уште еднаш преку својата маестрална изведба ги потсетија присутните на македонските музички и песнопојни бисери. Ретко доживување, особено за младата публика и странците беа народните инструменти, кавал, тапан и тамбура.Оркестарот беше засилен во инструменталниот дел со проф. по музика Љупчо Аслимоски и музичк…
Шеесет студенти од холандските универзитети снимаат промотивен материјал за туристичката понуда на Охрид. Македонија оваа година е избрана за земја каде се одржува годишно собрание на најдобрите холандски академци кои студираат туристичка промоција и маркетинг. Првите впечатоци на студентите и воопшто на секој турист кој го посетил туристичкиот бисер Охрид се импресивни. Како што и самите кажаа нив ги опива прекрасната глетка на синилото од Охридското Езеро, зеленилото на НП Галичица, староградската архитектура, а гостопримството и љубезноста на месното население сметаат дека е приказна кој…
Голем дел од маркетите и продавниците во градов зеленчукот и овошјето кои се за продажба го имаат изложено на тротоарите кои се наоѓаат пред нив, се жалат потрошувачите. Тие додаваат дека покрај што овие прехрамбени производи се изложени на секакви временски влијанија тие се загадуваат и со издувните гасови од автомобилите кои поминуваат на сообраќајниците. Од Организацијата на потрошувачи на РМ велат дека на ваков начин се крши законот и граѓаните слободно да пријават за сите воочени недоследности при продажба на овошје и зеленчук.Доколку потрошувачите се посомневаат дека поради изложенос…
Ударните дупки, ноќна мора на секој возач. А во нашиов град за жал сеуште ги има на неколку фрекфентни улици, Кленоец, населба бараки, АСНОМ итн. Досега две поголеми акции на крпење ударни дупки се реализиртани на територијата на општина Охрид, вели портпаролот на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески.
„Дел од централното и периферно градско подрачје беше опфатено со овие две акции во првата фаза, останатиот дел ќе бидат опфатени во втората фаза. Во рамките на првата акција за санација на ударни дупки, прекопи, навлаки низ улиците во општина Охрид, беше опфатено поши…
Холандските гости и наредниве три години сигурни туристи на охридско – струшката ревиера. На новиот договор веќе е ставен потпис од страна на „Корендон“ Холандија, „Фибула Ер Травел“ и охридско струшкиот хотелски еснаф, како што информираше директорот на „Фибула Ер Травел“, Асим Меџедовиќ.
„Тоа се хотелите Метропол, Турист, Силекс, Десарет, Дипломат, Дрим. Београд, Изгрев и Макпетрол. Во овие специфични околности во кои што се наоѓа нашата држава и целиот регион овие договори имаат огромно значење, бидејќи во наредниов период во Охрид и Струга ќе доаѓаат нови 25 000 туристи од Холандија“ -…
Поради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека, денес во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар-крак Маврово-Стража…
Основното училиште „Григор Прличев“ повторно со општинска помош ќе го регулира заостанатиот долг кон ЕВН, бидејќи е во неможност да го плати поради блокираната сметка за нерешени имотно правни односи. Охридските советници досега неколку пати се најдоа во ситуација да изгласуваат ваква предлог одлука, а барем засега долгорочно решение за проблемот не е постигнато. Советниците од опозицијата велат дека иако даваат поддршка на одлуката за излегување во пресрет на ова основно училиште, сепак сметаат дека проблемот суштински не се решава. Признаваат дека станува збор за проблем кој е навистина …
Вотеренерџи, Виа Игнација крстопат Прикторија историска мрежа на златни спортски медали, Интеррегионално управување со културното наследство или Ирк Хермес како и Меѓугранична соработка и интегрирани здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна рана превенција или Крос4Ол. Ова се четирите проекти кои денес беа изгласани од страна на советниците во Советот на општина Охрид, а кои се дел од европските програми за прекугранична соработка на Македонија со Грција. Иако истите беа оценети како позитивни од страна на опозициските советници, тие не гласаа позитивно за овие предлог од…