Мај 31, 2016

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊТО НА ПАТОТ КАЈ МЕСНОСТА „КРОМИДИШТА“ ВО РАЧА

Деновиве започнаа градежните активности за асфалтирање на патниот правец во населбата Рача кај месноста викана „Кромидишта“. Во рамките на овој проект којшто Општина Охрид го реализира со средства од Агенцијата за рурален развој ќе бидат асфалчтирани околу 900 метри,а за реализацијата ќе бидат издвоени 2.900 000 денари. Се очекува до почетокот на шпицот на летната сезона да биде завршено сфалтирањето на оваа значајна делница во туристичкото место Рача.Изведувач на активностите е АД „Бауер БГ“ од Скопје.

Мај 31, 2016

Најавен прекин на сообраќајот поради минирање кај Пресека

Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево кај планинскиот превој Пресека денес 31-ви мај 2016 година ќе има прекин на сообраќајот. Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин в оинтервали од 15 до 20 минути во периодот од 11:00 до 14:00 часот.

Мај 30, 2016

Поради љубовта кон фотографијата

Фото клубот Охрид постои 18 години, а  опстанокот се должи на големата љубов кон фотографијата на неговите членови. Засега клубот брои околу 20тина членови од кои 12мина ветерани се активни и не штедат слободно  време и пари за да го негуваат организирано своето хоби. Интерес кон фотографирањето покажуваат се повеќе млади охриѓани  ама тешко одвојуваат време за активностите поврзани со работата на фото клубот, вели претседателот на клубот Димче Коруноски, еден од членовите со подолг стаж во фото клубот Охрид. „ Максимално се трудиме и функционираме без разлика на сите проблеми. Љубовта кон …

Мај 30, 2016

Стоп за рамнодушноста – да ја сочуваме хуманоста

Стоп за рамнодушноста – да ја сочуваме хуманоста. Ова е мотото на мисијата на Црвен крст на РМ, која се однесува на мигрантската криза, кој е во тек во нашата земја. Славица Илиќ една од 46 те обучени дисеминатори која ја спроведува кампањата во нашата ОО на Црвен Крст за општините Охрид и Дебрца, истакна дека целта на мисијата е подигање на свеста кај населението за хуманитарните потреби на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија, како и тоа да дисеминираат околу 3000 лица на цела територија на РМ. „Црвен Крст во таа смисла врши само хуманитарни интервенции и наша цел е да ги…

Јул 29, 2021

Реновирањето на патот преку Галичица продолжува по Илинден

Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум ја информираат јавноста дека истиот ќе биде отворен за секаков вид сообрајќај од денес до 3 август 2021 година. Во вторник, на 3 август продолжуваат активностите за реновирање на патот и режимот на сообрајќајот ќе биде како што беше до сега: Регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од 8 до 17 часот. После 17 часот пат…

Мај 30, 2016

Охрид достојно се претстави во Рим

Македонија со дел од своето културно наследство и оваа година достојно се претстави во Рим. На манифестацијата организирана во чест на Св.Кирил која  годинава се одржа по 48-ми пат, Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид учествуваше со своја изложба на оригинални икони, фреско копии и тематски фотографии. На изложбата во Рим беа преставени вкупно 38 експонати, 18 фреско копии, од кои 16 се на Заводот и Музеј од Охрид, а две од Музејот на Македонија, 5 икони дел од колекцијата на Завод и Музеј, дела од нашето културно наследство од највисока категорија и фотографии, како артефакти ко…

Мај 30, 2016

Утре лавирцидна дезинсекција во Охрид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека ден 31.05.2016год. (вторник) екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци . Третирањето ќе биде о…

Мај 30, 2016

Куварите од „Ванчо Питошески“ најдобри во подготовка на живинско месо

Во Скопје се одржа финалето на Државниот кулинарски натпревар „МОЕ НАЈ МЕСО“ во подготовка на јадења од квалитетно живинско месо. Тимот од учениците од како првопласирана екипа на финалниот натпревар и победник на кулинарскиот натпревар ја доби првата награда: СТРУЧНО ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА НА 3 ДЕНА!Резултати и пласман на екипите: Пофалница: Дарко Трајкоски, Стефан Новакоски и Ненад Јовановић. Ментор на екипите проф. Блаже Јорданоски На натпреварот учествуваа првопласираните и второпласираните натпреварувачки екипи од двата полифинални натпревара во Охрид и Скопје, составени …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top