Јун 3, 2016

Меѓугенерациска и мултиетничка средба во ОУ „Братство Единство“

Старите и младите на заедничка дружба. Денес во просториите на основното училиште „Братство Единство“ се одржа меѓугенерациска и мултиетничка средба помеѓу учениците од ова училиште, нивни родители, како и пензионерите од Здружението од Охрид и Дебрца. Покрај средбата на која и млади и стари си поставуваа меѓусебно прашања, разговараа и се дружеа, беше подготвена и богата програма. Се пееја песни, имаше и рецитали и настап на училишниот оркестар. Оваа прва средба од ваков вид ја поздрави директорот на училиштето Муамер Доко. „Баш ми е мило да ве поздравам во име на вработените, во име на у…

Јун 3, 2016

Дениците донираа лап топ компјутери и таблети за децата со оштетен вид во ОУ „Братство Единство“

Шест дечиња од ОУ „Братство Единство“ кои имаат оштетен вид денес добија вредна и значајна донација од лајонс клубот Деница. Тие денес им доделија два лап топ компјутери и четири таблети кои ќе им користат во образовниот процес и кои треба да им помогнат во полесно совладување на наставните содржини. Дениците велат дека им требала соработка со многу луѓе за денешната донација да се случи како што треба, токму затоа два месеци биле во постојани контакти со претставници на ОУ „Братство Единство“ како овие лап топ компјутери и таблети би отишле во вистинските раце. „Сакавме посебно во ова вре…

Јун 3, 2016

Мисајловски: Половина од автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен до крајна годинава

Работна посета и увид во градежните активности околу изградбата на најголемиот автопат Охрид – Кичево, изврши министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, во Арбиново Дебрца. Според последните податоци со кои располага министерот повеќе од 35% од севкупните активности биле завршени, додека пак преку 80% била пробиена трасата на автопатот. „Очекувам дека оваа година околу 14 км комплетно ќе бидат асфалтирани тоа веќе го зборувам согласно динамиката, како што ги гледам можностите тоа ќе се оствари, ќе гледаме и дополнителни делници да асфалтираме или севкупно планираме околу 50% да зав…

Јун 3, 2016

Утре состанок на акционерите на АД „Отекс“

Акционерите на поранешното претпријатие АД. „Отекс, утре ќе одржат состанок. Акционерите на поранешното претпријатие АД. „Отекс, утре ќе одржат состанок. Состоанокот ќе се одржи во големата сала на Н.У Центар за култура „Григор Прличев во 17:30. на состанокот ќе присуствува адвокатот Игњат Панчески.

Јун 3, 2016

Средба на пензионерите со учениците од ОУ „Братство Единство“

Денес 3 мај 2016 година со почеток во 12 часот во Основното училиште „Братство Единтсво“ ќе се одржи првата Меѓугенерациска и мултиетничка средба на учениците од спомнатото училиште и пенизонерите на ЗП Охрид и Дебрца,кои заеднички ја организираат оваа манифестација. Меѓугенерациската средба е по повод 66 години од постоењето на училиштето „Братство Единтсво“ и исто толку и на ЗП Охрид и Дебрца, како и јубилејот 70 години од пензионерското организирање во Македонија.По поздравните аборови на замник градоначалникот Ангел Јанев, директорот на училиштето Муамер Доко и претседателот на пензион…

Јул 29, 2021

Ребаланс на буџет на Општина Охрид на 62та Седница на Совет

Утре на 62 седница на Совет закажана за во 11 часот на дневен ред пред градските избраници ќе се најде предлог ребаланс на буџетот за 2021 година. Советниците ќе одлучуваат за измени на 15 програми со што ќе се врши алокација на буџетските средства. Меѓу другите измени ќе претрпат програмата за поддршка на локалниот економски развој, за поттикнување на развојот на туризмот, програмата за млади и невладини организации, за култура, спорт и рекреација, образование, заштита на животната средина и природата како и програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година…

Јун 3, 2016

Поради минирање прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево кај селото Врбјани

Од Авто Мото Сојузот на Македонија информираат дека утре ќе има прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид. Ќе се работи на патот на делницата помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани. Прекинот ќе биде поради извршување градежни работи на патот помеѓу 12 и 14 часот.

Јун 2, 2016

Поголема внимателност кај граѓаните за спречување на појава на пожари

Граѓаните да покажат посовесно однесување особено во летните месеци за што е можно поголема превенција од пожари. Од територијалната противпожарна единица од Охрид велат дека барем засега постои тренд на намалување на бројот на интервенции во споредба со минатата година. Охридските пожарникари досега интервенирале 104 пати и тоа 60 од интервенциите биле на објекти, 37 биле на отворен простор и 7 на моторни возила. Сепак, за да се задржи трендот, командирот на ТППЕ од Охрид, Спасе Прентоски, вели дека граѓаните мора да бидат многу повнимателни во своето однесување, особено поради температури…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top