Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Чешка по примерот на соработката во областа на културата и развивањето на пријателските односи помеѓу двете земји. Ова меѓу другото беше пренесено денес од страна на претседателите на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и на Република Чешка, Милош Земан на отворањето на македонско-чешкиот бизнис форум во Охрид. Според претседателот Иванов, традиционално добрите пријателски односи помеѓу Македонија и Чешка треба да се пресликаат и во областа на економската соработка.”Особено значајна за двете држави се смета соработката во енергетски…
Од денес започнува скрининг-тестирањето на населението по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава, со цел да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници и тоа првично во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски минатата недела информираше дека вакво тестирање било направено пред …
Со проекцијата на филмот „Од другата страна“ на српскиот актер и копродуцент во филмот, Лазар Ристовски и хрватскиот режисер Зрињко Огреста вечерва започнува новата филмска бајка за охриѓани, но и за сите љубители на филмот, Охрид Филм Фест. Овој прв филмски фестивал од ваков вид во нашиот град, ќе работи исклучиво со ангажирани филмови, било тоа да се политички, социјално или уметничко ангажирани. Охрид Филм Фест воедно во фокусот ќе ги стави студентските и младински филмови со подеднаква застапеност и на играни и на документарни филмови. Освен богатата филмска програма, Охрид Филм Фест ќе…
Со познати италијански арии и традиционални песни од Неапол гостуваат тенорот Алесандро Фантони и пијанистот Џорџо Мартано на Фестивалот Охридско лето. Тие се дел од традиционалната Италијанска вечер која се одржува во рамките на Фестивалската програма во Св. Софија. За првпат се во Охрид и Македонија. Оперскиот пејач Фантони е воодушевен од акустичноста на катедралната црква Св Софија. Многу убаво место и среќен сум што ќе пеам тука, вели Фантони.
Ќе исполнам различни оперски арии. Сличен репертоар како на Павароти, со различни арии, Риголето, Кавалерија Рустикана. Сакам да пеам и нови …
Фестивалот Алтернативнативно лето 2 и годинава, по втор пат, се организира во Охрид. Во тек е отворениот повик за волонтери на кој можат да се пријават сите на возраст од 14 до 35 години и тоа за учество во организација на фестивалот, а има простор за пријавување на млади и талентирани музичари кои сакаат да оформат свој бенд или група.
„Првично рокот за пријавување беше до 10 јуни, поради екстерните тестирања, мислам дека во ред е на младите им отстапиме уште десет дена така што крајниот рок за пријавување годинава е до 20 јуни“.
Паунковски информираше дека фестивалот АЛО2 „ ќе се одржув…
Пристигна првата група туристи од Израел. 110 те туристи кои од Тел Авив пристигнаа вчера со чартер-летот на израелската авиокомпанија „Аркиа“, беа дочекани со традиционалната македонска закуска, искршено лепче, а топло добредојде им посака првиот човек на градот Никола Бакрачески. Градоначалникот истакна дека ова значе почеток на нова ера на привлекување на гости и пријатели од Израел во Охрид.
„Се надевам дека со воспоставување на овие чартер летови три пати неделно, ќе имаме можност да нашите другари од оваа пријателска држава ги гледаме на охридското крајбрежје ова година со тоа уште е…
Од утре до 26-ти јуни во Охрид ќе се одржува 49-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.
Семинарот ќе се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во рамките на семинарот ќе се одбележат „1100-годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа“, „70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик“ и „70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик“, ќе се одржи Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти и Летн…
Семејството на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој веќе седми ден е исчезнат, денес 10-ти јуни организира потрага по него.
На Алексиески од трети овој месец му се губи секаква трага. Сите граѓани кои сакаат да помогнат да дојдат во селото Мешеишта во 07:30 часот. Повеќе информации можат да добијат на телефонот 077/738-691.
Веќе шести ден, семејството на Ристе Алексиески трага по него, откако заминал да бере печурки и не се вратил дома. Тие испраќаат замолница до сите граѓани, доколку имаат било каква информација да ги контактираат и на телефоните: 075/229-740, 072/768-562 и 076/777-390. Ап…