Јул 6, 2016

Мобилни тоалети ќе се поставуваат на 7 локации во градот

Наскоро на  повеќе локации низ градот ќе бидат поставени јавни мобилни тоалети. Со ова ќе се реши недостокот од јавни тоалети со кои градот се соочува подолго време. Тоалетите ќе функционират само во летната сезона и ќе бидат поставени на повеќе локации, а ќе ги има на места каде што досега не беа псотавувани, вели портапротл на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески.„ По 2 тоалети ќе се постават во Воска и Даљан кај Младински, 2 кај автобуската станица, на 5 локации кај Горна Порта, потоа во близина на Домот за култура, по кеј Маршал Тито, кај мостот и кај скејт п…

Јул 6, 2016

Повтoрно ќе блeснe сјајот на хотел Палас

Повторно ќе блесне сјајот на хотел Палас. Вака  одлучија акционерите  на денешното годишно собрание. По шпекулациите во одредени медиуми дека хотел Палас ќе почне со работа на 1ви јули оваа година, ТелевизијА ТВМ ви ја пренесува точната информација за реконструкцијата и отпочнувањето со работа на овој хотелски бисер. Со реконструкцијата ќе се започне по завршувањето на оваа туристичка сезона, а првите гости  во хотелот со 5 ѕвезди се очекуваат наредната пролет.  Одлука з а реконструкција на хотелот донесоа акционерите на  годишното собрание, истакнa извршниот директор на АД Охридтурист, Р…

Јул 5, 2016

Блажески: Селективна наплата за поставување инсталации на патот

Со амин на Охридскиот Совет висината на надоместокот за поставување на разни комунални инсталации во трупот на патот изнесува 15 % од вредноста на техничкото решение на инсталацијата. Дел од советниците ги кажаа своите забелешки во врска оваа одлука, која според нив, дава можност општинската јавна администрација селективно да ја извршува истата. Дејан Блажески од ЛДП посебно се осврна на надоместокот за прекумерно користење на пат. „Ова значи едно тивко крадење на граѓаните и полнење на буџетот и јас не сум против, но сум со издржани и прецизирани одлуки, за да не даваме после на службите …

Јул 5, 2016

Половина од охридските и струшките плажи без спасители

Дел од концесионерите на плажи на охридскиот и струшкиот брег и ова сезона се без ангажирани спасители на вода. Законската обврска  плажите да имаат организирани служби за безбедност на вода оваа сезона ја испочитувале само половина од  плажите на охридскиот и 7 од 14 -те плажи на струшките капалишта. „На охридското крајбрежје само 20 плажи имаат услови и се безбедни за капење. Тие имаат набљудувачници, обележан  простор и  одреден број на спасители на вода. 19 капалишта како што се Кадмо, Немо , Младински, Партизан  и Извиднички се без безбедносни услови за капење и спортување“, посочува Т…

Авг 3, 2021

Екипите на Брза помош се соочуваат со проблеми

Охридската итна медицинска помош се соочува со години со стари проблеми кои влијаат на брзината на интревенциите. Се попречува влезот и излезот на амбулантните возила во кругот на Маларична од паркирани автомобили на бесплатниот паркинг. Возачите кои го користат паркингот гледаат само да најдат место за да ги паркираат возилата, а при тоа не размислуваат дека ја попречуваат работата на медицинските екипи. Овој паркинг го користат посебно туристите кои дознаа дека е бесплатен. Интервениравме неколку пати до сообраќајната полиција во изминатиов период, информира раководителката на службата, …

Јул 5, 2016

Сувенир на градот Охрид

  На 13 јули истекува последниот рок за избор на „Сувенир на градот Охрид“. Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општината, на средина на месец јуни Локалната самоуправа објави конкурс за избор на „Сувенир на градот Охрид“. Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР вели дека очекуваат добри идејни решенија кои ќе помогнат да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот препознатлив во промоцијата на Охрид. „Тоа нема да биде официјален симбол на Охрид, за да се одбере официјален симбол на градот е процес во којшто треба да бидат вклучени многу поголем број на луѓе к…

Јул 5, 2016

Oптимален број на првоодделенци во ОУ Григор Прличев

Во основното училиште Григор Прличев во новата учебна 2016 /2017 година е запишан оптимален  број на првоодделенци.Така годинава во прво одделение ќе стартуваат  112 ученици, додека во подрачното училиште има пријавено 18 првачиња, информира директорката на училиштето Силвија Мојсоска. „Може да е и подобро. За нас во централното училиште оптимална бројка е 120 ученици. Се надеваме дека уште некое дете до почетокот на учебната година ќе се запише. Радува фактот што е стабилна бројката и не оди надолу. Во подрачното училиште во Рача за чудо бројот н аученици се наголемува. Претходните генерац…

Јул 4, 2016

Почнува фолклорниот фестивал Разиграно оро

Започнува новото издание на фолклорниот Фестивалот Разиграно оро. На сцената на Крушевска република вечерва почнува фестивалот  на кое ќе настапат околу 500 играорци од  повеќето Балкански земји и Полска. „ Фестивалот започнува со дефиле низ охридските улици, до Крушевска република. Во текот на 4 и 5 јули ќе има презентација на фолклорното богатство на земјите учеснички“, кажува кореографот на Разиграно оро Георги  Ставрески. Фестивалот одбележува 1 деценија постоење,а низ годините настапиле со  национален фолклор голем број играорци. Рекордна бројка на учесници имало во 2011 година ког…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top