Со низа поволности за вработување во евиденцијата на охридската Агенција за вработување стапката на невработеност од лани досега се намалила за 15 проценти. Минатата година од 4800 активни баратели на работа годинава бројката се намалила за над 600. Со проектот Македонија вработува од минатата година до сега се вработиле поголем број охриѓани од најразлични профили, степен на образование и возраст, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован Баткоски.„Сакам да потенцирам дека во минатата година овој бенефит го искористиле повеќе од 630 лица во центарот за вработување. Се вработ…
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопро…
Дваесеттина предлог мерки за подобрување на условите за вршење туристичка и хотелско угостителска дејност. Ова барање до Владата го достави Хотелската асоцијација на Македонија. Крсте Блажески, претседателот на оваа организација, смета дека пакет мерките се во насока за стимулирање на изградба на квалитетни хотелски капацитети во охридско струшкиот регион. Дел од барањата според Блажески биле намалување на комуналиите и рамноправност со странските инвеститори.
„Странските инвеститори секако дека не се отфрлени, но јас би рекол дека тука треба да ги добиваме истите третмани, како што доб…
Вечер на сцената во Предворјето на црквата „Св Софија“ ќе настапи популарниот хрватски ансамбл „Судар Перкашн“. Тие се за прв пат во Македонија на фестивалот Охридско Лето. Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, истакна дека продолжуваат и понатаму да ги бараат уметниците кои што досега не биле на фестивалот, а низ цел свет прават концерти за паметење и претставуваат на свој начин вистинска атракција.
„Во нашата меѓусебна комуникација тие предложија два проекти. Едниот беше рок-ин, тоа им е понов проект, во кој што изведуваат обработка на нивните удирачки инструменти на познат…
Тече огласот од Министерството за внатрешни работи за вработување на 30 полицајци за потребните на СВР Охрид и 45 извршители за регионалниот центар за гранични работи Југ. Ние имаме потреба од полициски службеници, истакна од Охрид министерот Митко Чавков.„За охридскиот регион и сите регионални сектори успеавме да ги подигнеме персоналните капацитети на соодветно ниво.Вративме полициски службеници од 1,2,3 генерација кои имаа завршено курс за полицајции кои беа на работа во Скопје. Тие сега се вратени на регионално ниво, покрај нив мината година примивме и полициски службеници со високо об…
Задругата „Охридска цреша“ прави напори во регионов да започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишка. Сега индивидуални производители калемат најразлични видови на цреши со што полека но сигурно се губи нашата препознатлива сорта, вели Ванчо Стојаноски член на зaдаругата. Денес за таа цел преставник од Институтот за земјоделство се сретна со преставници од Локалната самоуправа, поточно со преставници на ТЛЕР за да им ги предочи можностите за изработување еден заеднички проект во кој би партиципирал институтот, локалната и задругата, а со кој би се брендирало стеблото…
Промоција на белгиски танц и култура во Охрид и Струга. Настапувајќи низ целиот свет, Инкар Дансинг, групата ќе се претстави пред љубителите на модерниот танц. Станува збор за млади студенти од Белгија на кои модерниот танц им е хоби. Тие изведуват невообичаени, уникатни и прекрасни точки, со кои ја воодушевуваат публиката насекаде каде што досега настапиле, а посебно се атрактивни кога во танцот употребуваат знамиња. Нивниот менаџер Руди Путоман вели, чест е да се работи со млади талентирани деца кои одлично ја претставуваат Белгија и верува дека во иднина нивната група ќе се најде на репе…
Жителите кои живеат во охридската населба Чекоштина не можат да добијат лична карта со адреса на живеалиште во оваа населба. Напоменуваат дека имаат проблем со уличниот систем и не можат да извадат ваков документ. Со овој проблем се соочуваат 50 -тина жители во Чекоштина, вели Ванчо Огненов еден од жителите од оваа населба.„Неможеме да ја добиеме вистинската адреса. Добиваме пошта на Чекоштина бб , а во секторот за внатрешни работи одбиваат да примат промена на живеалиште бидејќи не постоела формално населба Чекоштина. Поштата ја добивам како населба Чекоштина ,а ни се појавија и пробл…