Во екот на летната туристичка сезона дел од плажите на охридско струшката ревиера сеуште немаат услови за капење, спорт и рекреација. Капалиштата не се обележани, немаат соодветни пунктови и набљудувачници и немаат ангажирано спасители. Сашо Точко претседателот на ОО на Црвен крст Охрид вели дека апелирале, до Капетанија, Министерството за транспорт и врски и локалната самоуправа во рамки на нивните надлежности и ингеренции да разговараат односно да ги обезбедат потребните услови со одреден притисок на концесионерите на плажите.
„Заради тоа се и овие бројни интервенции кои сме ги имале …
Продолжува проектот Македонија вработува. Синоќа на плоштадот во Охрид заинтересираните граѓани и работодавачи можеа да се информираат за сите новини во Законот за вработување и поволностите кои ги нуди овој проект. Веќе една година од кога започна неговото реализирање па од охридскиот Центар за вработување ги сумираат резултатите каков е бенефитот за општинава.Како резултат на овие поволности во Охрид вработени се повеќе од 631 лице од сите возрасни категории. Радува фактот што најголемиот процент се лица во латегоријата над 35 год. Возраст од кои вработени се повеќе од 410 лица, вел…
На светската саемска манифестација „Дубаи Експо 2020″ која започна на 1-ви октомври 2021 и ќе трае до 31-ви март 2022 година, во тек е неделата посветена на туризмот каде повеќе од 190 земји ги презентираат своите туристички потенцијали и можности за инвестиции во овој сектор.
Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се поголема, воочувајќи го истото на вчерашната презентација на „Дубаи Експо 2020″. На презентацијата организирана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот присуствуваа повеќе од 25 туроператори, медиуми и инфлуенсери од повеќе земји од …
На крајбрежјето во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан, реагираат мештаните од оваа задница. Тие велат дека ваквата појава посебно е изразена во летниот период. Кажуват дека една од ретките недопрени природни плажи каде до пред некоја година можеле спокојно фамилијарно да уживаат во летното сонце, последниве години мирот им го нарушуваат т.н. дојденци кои ги окупирале сенките од дрвјата користејќи ги за преспивање. И не само тоа, тие воопшто не внимавале на зачувување на животната средина, на плажата фрлале отпад, а и физиолошките потреби г…
Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (недела) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (понеделник) во периодот од 9-13 ч.
Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.Дарувањето крв на оваа крводарителската акција ќе се одвива според сите пот…
Нова туристичка понуда во градов. Вилата мал Св. Климент направи своја винарија во која ќе се прави вино од автохтони сорти на грозје кои се карактеристични за охридскиот регион. Идејата за ваква винарија произлегла од интересот на гостите за охридските вина кои имаат свои карактеристики кои ги немаат останатите вина во светот. Сопственикот на винаријата Будимир Соколовиќ вели дека тоа можеби не се некои врвни вина по својот квалитет, но се единствени бидејќи се произведуваат од ретки сорти. Многу интересен и единствен е и начинот на производството на виното во новоотворениот вински подрум…
Охридските кајчари, но и капетани на катамарини и бродови, ќе подлежат на алкотест, ја најавуваат оваа новина од Охридската капетанија.
„Посебно во летниот период има контроли на алкахол на самите управувачи на пловните објекти на сите. Не треба да бидат изненадени наутичарите доколку дојдат во ситуација да им биде тестирана количината на алкохол во крвта. Се е тоа добро , посебно за нив кои уживаат на Охридското езеро , возат блиски и други патници и не е дозволено да бидат неодговрни и под дејство на алкохол“, подвелекува капетанот на Пристаништата на РМ Горан Устијансоки.
Од Капетани…
Не постои опасност од свлечиштето во населба Даљан, тврдат одговорните од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Пред повеќе од половина година мештаните кои гравитираат во овој дел од Охрид, укажаа дека стравуваат од целосно лизгање на патот, кои дополнително ќе влијаат врз безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот Центар и во хотелот „Даљан“.
„Како резултат на анализите кои што ги правиме тука сметаме дека во моментов не постои опасност од лизгање на земјиштето на тој потег, а знаеме дека официјално од средината на месец јули водата започнува да се повлек…