Нациналниот парк Галичица и оваа година учествуваше на Зимскиот цензус на водни птици, во соработка со Македонското Еколошко Друштво.
Активностите на терен во 2021 година започнаа со синхронизирана прекугранична соработка за зимскиот цензус на птици.
Од НП Галичица информираат дека во Грција, колегите од SPP работеа заедно со Управувачкото тело на Националниот Парк Преспа и HOS, во Албанија Земјоделскиот факултет во Тирана, додека преставници од националните и регионални тела за заштитени подрачја, им се приклучија на PPNEA.
Во Македонија МЕД заедно со соработниците од Националниот парк …
Деновиве беа поставени нови информативни табли со едукативни содржини, за едукативната патека „Галичица на дланка“.Станува збор за информативни табли со едукативни содржини за запознавање на посетителите со природните и културните вредности во нашиот парк. Од управата на паркот се надеваат дека оваа патека ќе биде почеток во откривањето на убавините во НП Галичица.
Во текот на изминатото деноноќие (18/19.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 331 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Досегашните фаќачи на крстот донираа вода за пиење за ковид центарот во Општа болница и 1000 заштитни маски во три охридски цркви. Со тоа на празникот Водици му даваат и хуманитарна димензија. Митко Топејнчаров е еден од 15-те мина досегашни фаќачи на крстот. Тој имал среќа дури 5 пати на Водици да го фати чесниот крст во езерските води, а кажува дека со останатите фаќачи без размислување се вклучиле во донаторската акција.
„Иницијативата на професорот Зоран Тунтев едногласно сите ја прифативме да дадеме кој колку може средства и свој придонес, да ја поттикнеме свеста на луѓето, од се срце…
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, под мотото „Една капка може да промени се“, денес ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2021“.
Од охридскиот Црвен крст испраќаат покана до сите охриѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, за што, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им биде возвратено со должно внимание и скромни подароци.
Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар).
Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не с…
Книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“, од Вера Стојчевска – Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски, со својата содржина е посебно актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска – Антиќ се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски, за да се дојде до XI…
Деновиве пристигнаа модулите за монтажната болница за третирање на пациенти заболени од ковид 19 во Охрид. Веднаш се пристапи на нивно монтирање, па така до крајот на денешниот ден болничкиот објект веќе го доби својот лик.
Станува збор за контејнери од 300 метри квадратни направени со влез и излез, кислородни станици, амбулантен и тријажен дел. Модуларната болница треба да располага и со рендген апарат. Во моментов во охридската болница се хоспитализирани четириесеттина ковид позитивни пациенти.
Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најб…