Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња. Овој проект го спроведува општина Охрид, во соработка со здружението за заштита на животни „Анималиа“ и ветеринарната амбуланта „Маја Тамара вет“. Целта секако е намалување на бројката на бездомни кучиња во општината. Проектот се реализира со буџетски средства на општината во висина од 80 000 ден. и опфаќа стерилизација на бездомните кучиња, нивно привремено сместување во простор за таа намена со секојдневна грижа од волонтерите на „Анималиа“, активности за нивно вдомување, а доколку не бидат вдомени враќање на местото на нивното за…
Сувенири од керамика, кожа, стакло, плетени и везени работи, накит, слики, се дел од производите кои се нудат во охридската чаршија. Продавачите кажуваат дека најмногу се барани производите кои носат ознака hendmade. Цените се пристапни и има купувачи, велат едни, а пак за други оваа сезона продажбата оди слабо. Опинчарот Милан Белески, познат занаетчија во охридската чаршија, вели годинава туристите повеќе гледаат отколку што купуваат и сезоната е просечна.
„И лани беше вака не беше нешто подобро.Шетаат луѓе по чаршијата, некој влегуваат, гледаат, нешто што има ќе купат, некој мал сувен…
Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид, обезбеди 46 легла за студентите од I година. Бројката на легла за студенти од II, III, IV, V и VI год. и апсолвенти пак, изнесува 185 или вкупно на располагање се 231 легло. Директорот на домот Марјан Ристески очекува исполнетоста оваа година да биде околу 90%. Тој додава дека во изминатиов период континуирано се работи на подобрување на условите за сместување и во целост се подготвени да ги пречекаат новите студенти. Електроснкиот начин на аплицирање на студентите пак, во голема мера им ја олеснил работата.
„Се прекина она озборување дека …
Уште една сообраќајна незгода во градов. Попладнево, околу 13.30 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на училиштето „Григор Прличев“ се судрија моторцикл и патничко моторно возило. Моторциклистот поради силината на ударот бил исфрлен на коловозот поради што се здобил со телесни повреди и итно е пренесен во охридската општа болница.Во сообраќајната незгода учесник е еден моторциклист кој најверојатно во момент на невнимание удрил во паркирано патничко возило од десната страна на булеварот Туристичка. Се случил пад при што се здобл со телесни повреди и нагмеченици на повеќе делови од т…
Во рамки на годишната програма на министерството за култура, во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта, каде што за прв пат беа откриени најстарите погребувања, а во еден од гробовите, беше пронајдена златната маска, златната ракавица и уште 70-тина други златни, сребрени, бронзени, килибарни и други предмети.- Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид во текот на годинешните истражувања досега откри 85 гроба од кои 12 гроба кои датираат од македонско-хеленистички период, односно некаде од 3-2 век п.н.е., а останатите се од…
Во тек е реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на кровот и поставување на транзени на црквата Св. Богородица Захумска во месноста Заум, на брегот од Охридското Езеро. Работите на непосредна заштита на архитектурата на црквата се отпочнати уште во 2016 година кога беше отстранет стариот кровен покривач, а беше поставен заштитен дрвен наткров кој овозможи непречено одвивање на процесот на испарување на влагата од кровната конструкција и ѕидовите на црквата. Состојбата со влагата е конечно стабилизирана и овозможени се услови за продолжување на заштитните интервенции на цркв…
Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за основното училиште Живко Чинго што е пример достоен за почит. Со донацијата во завршна фаза е поправката на веќе дотраените и оштетени надворешни скали, информира директорот на ОУ, Ѓоко Чингоски. Со тој градежен зафат ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во школото. „ Проектот со кој се намнети средства за поправка на надворешните скали, за работна рака и за материјал, е заслужен Цековбниот одбор од Велгошти. Имаме и ние еден удел, но најголемиот издаток е на одборот. Упатуваме голема благодарност од мое лично им…
Три години со ред Секторот за ТЛЕР кон крајот на летниот период изготвува анкетни прашалници кои најмногу ги доставуваат до хотелиерите, дел до приватните станоиздавачи, а дел од анкетираните странски туристи се контактираат и преку социјалните мрежи, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР. Анкетниот прашалник најмногу се однесува на видот на туристичките услуги во Охрид, со претходно изработена анализа на типот и профилот на самиот гостин кој е анкетиран од повеќе аспекти.
„И врз основа на тоа може да се извлечат одредени сознанија на какво ниво се услугите кои се нудат во Охрид, што е о…