„Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век“. Синоќа во куќата на Уранија беше промовирано ова ново издание од Даница Размоска Баческа. Во делото се претставени нумизматичките историско-монетарни аспекти на охридскиот регион. Како што истакнa авторката Баческа, станува збор за многу значајна публикација од областа на нумизматиката и националната историја на нашата земја, каде што е направена паралела меѓу ковањето во антички Лихнид и во средновековен Охрид. „Во античкиот Лихнид ковани се многу значајни монети, тоа се познатите лихнидски монети со престава …
Изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, осма недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво.
Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот за три отсто, откако Белата куќа соопшти дека Русија сега има доволно војници да почне воена операција во Украина. Се тврдеше дека нападот може да се случи секој ден, па затоа, сите Американци би требало да ја напуштат Украина во рок од 24 до 48 часа.
Сите сакаат …
Годинава македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ја продолжуваат традицијата на одржување на „Фестивалот на вино и сирење“ каде взаемно ќе бидат споделени вкусовите на домашните вина и сирења.
На фестивалот во Охрид кој ќе трае два дена, утре и задутре учество ќе земат 14 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот.
Во рамки на дводневната манифестација, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, истовремено ќе може да уживаат во културно – уметничката програма.
Манифестацијата ќе се одржува на малиот плоштад „Крушевска Република“….
Инспекторите од Државен пазарен инспекторат во контроли за врема на продолжениот празничен викенд констатирале низа пропусти и изрекле казни забрана за вршење на дејност на организатори на музички настани во Охрид.
Инспекторите од охридскиот Државен пазарен инспекторат имаа интензивни контроли во изминатиов продолжен празничен викенд. Охрид како туристичка дестинација, овие денови е привлечен не само за гости кои бараа разладување од горештените во езерските води туку и од фановите на бројни музички концерти од сите жанрови. Пазарните инспектори имаат полни раце работа на терен. Информира…
Добра понуда, прифатливи цени, убав амбиент, стручен персонал, ова е формулата за успешната сезона на хотел Нова Ривиера. Овај хотелски капацитет кој се наоѓа во центарот во градот од оваа пролет има нов менаџерски тим, нов начин на работа и нови гости. Околу 2000 туристи во изминативе три месеци престојувале токму таму. Имало гости од Црна Гора, Словенија, Бугарија, Србија и секако од Македонија.
Во ниеден момент не се покајавме што влеговме во туристичкиот бизнис бидејќи Охрид е бисер балкански и има многу нешта што може да ги понуди, факт е дека не се искористени сите можности и целокуп…
Предметите на охриѓани кои се во постапка во Основниот суд во Охрид нема да претрпат сериозни последици, тврди претседателот на Здружение на судска администрација, Борче Мирчески. Штрајкот на судската администрација почна на 18 ти мај годинава а во мирување беше ставен на 15 јули. Периодов додека трае судската ферија, судските службеници што штрајкуваа речиси два месеца, се вратија на работа и ги сработија итните предмети, предметите со странци, времените мерки, и примаа материјали и пошта од странки, тврди Мирчески. „Сметам дека сите предмети кои што заостанаа, за време на одморите вра…
Во месец август охридските пожарникари имале 17 интервенции. Се гаселе пожари на објекти, хотели, магацин, стрништа. Се интервенирало при 2 сообраќајни несреќи, имале 16 достави на техничка вода, 2 отклучувања на објекти и 3 обезбедувања на концерти и манифестации. Шест интервенции биле на запалени објекти, а останатите биле на гасења на пожари на отворено. Пожарникарите имале 5 интервенции на гасење на запален контејнер и на локализирање пожари во атарите на селата Лескоец, Волино, Лакочереј и Оровник. Исто така, пожарникарите интервенирале и на гасење на 5 запалени возила и на еден скуте…
Во овој момент во општина Охрид нема сериозни проблеми од синоќешните дождови. Врнежите не предизвикаа сериозни проблеми, а во текот на ноќта имаше во одделни реони од градот и околни села кратки прекини со напојување на електричната енергија, информираат од Центарот за управување со кризи.„ Реките имаат доволно можност да ја примат оваа количина на врнежи. Очекувањата попладне и во текот на ноќта се дека времето полека ќе се смирува и не се очекуваат сериозни нови врнежи од дожд“, информира Митко Темелкоски од ЦУК.Нема излевање на речните корита и канали затоа што се чистат, уверува Темелк…