Завршува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св.Богородица Перивлепта. Ова на својот твитер профил го потврди и Американскиот амбасадор Џес Бејли кој изрази големо задоволство од реализацијата на овој проект за кој Амбасадата на САД во Скопје издвои средства во висина од 450.000 американски долари. Конзервацијата на фрескоживописот е само дел од проектот. Во активностите кои се одвиваа во и околу црквата, а кои траеа повеќе од три години, влегуваат и конзервацијата на архитектурата на црквата, како и на манастирската камбанарија и манастирскиот конак. Директорката на НУ „Завод …
Расте бројот на приватните здравствени установи, но расте и количината на опасен медицински отпад. Според доставените податоци од здравствените институции во Република Македонија количината на пријавениот создаден медицински отпад во 2015 година изнесувала 704,61 тони. Постојано се зголемува медицинскиот отпад што се создава во медицинските и во здравствените институции, болниците, поликлиниките, амбулантите, забните и ветеринарните ординации од употребените средства и материјали при дијагностицирање, лекување, третман и превенција на болестите кај луѓето и кај животните. Управувањето …
Северозападниот влез на Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Освен куќарката во стилот на старата охридска архитектура и една стрелка која е направена од левата страна на патот кога од Скопје доаѓаш за Охрид нема ништо друго што би асоцирало на тоа дека тука е влезот во најголемиот туристички центар во Македонија. Од Локланата ветуваа дека просторот кој меѓу охриѓани е познат како кај петљата ќе биде уреден, ќе биде засадено зеленило и цвеќиња, ќе бидат поставени и некои други содржини, а старите ќе бидат отстранети. Но еве и оваа сезона помина, а тоа не се направи. Од локалната објаснув…
Охридските ракометари го освоија третото место на меморијалниот куп Миле Нешкоски во Прилеп. Ги победија Борец од Велес и Прилеп, а загубија од битолскиот Еурофарм Работник. Тимот на РК Охрид за кратко време се консолидира по заминувањето од клубот на неколку врвни ракометари. Со тоа отпишаните охридски ракометари покажаа квалитет со кој ќе се борат во новата сезона, посочува тренерот на РК Охрид, Горан Андоноски.„Покажавме дека и покрај тоа што бевме прежалани оваа година, направивме конкурентна екипа. Во Охрид повторно ќе гледаме конкурентен ракомет во Супер лигата. Првата цел е опстанок…
По претходно распишан конкурс, Општина Охрид доделува стипендии за редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во прва година.
Добитниците се известуваат во период од 02.03.2022 година (среда) до 07.03.2022 година (понеделник) да дојдат во просториите на советничката канцеларија во општина Охрид, заради потпишување на договорите – информираат од Локалната Самоуправа.
Добитниците може да ги видите на следниот линк
Во тек се уписите за доофромување на основното образование за возрасни во охридскиот Работнички граѓнски универзитет „Кузман Шапкарев“. Покрај тоа, од отворениот универзитет за возрасни информираат дека ќе продолжат и понатака со преквалификациите на невработените лица. Од оваа недела следуваат преквалификациите за 10 невработени лица во машинската струка, по успешно спроведената прекафалификација на 10 лица во струката електричар. Ристеска кажува за досегашното искуство во работата со нив. „Лицата кои доаѓаат на преквалификации сакаат да го направат тоа и тие заслужуваат да се вложува…
Со роденденска торта што свечено ја пресече министерката за култура на Македонија, Ирена Стефоска, НУ „Охридско лето“ го одбележа 61-от роденден.
Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ на прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена.
Секоја година 40- те фестивалски денови се празник на уметноста. „Охридско лето“ носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари… од сите земји во светот. И во време на пандемиј…
Едно лице загина во тешка сообраќајна незгода која изутрина нешто после 6 часот се случи на патниот правец Охрид – Струга во близина на бензиската пумпа „Бесијани“. Ова е втора страотна несреќа за нецела недела со трагичен крај во која згасна уште еден млад живот.Несреќата се случила кога автомобил „пежо“кој што го управувал сега загинатиот, од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возилото марка „Хјундаи“Возачот на Пежото, 39 годишен жител на Оровник, им подлегна на здобиените повреди.Неофицијално, во сообраќајната незгода две лица кои биле во во…