Јан 20, 2021

За Денот на Рибарите во пандемија

За прв пат после децении немаше масовно одбележување на Денот на рибарите во Охрид. Традиционално на празникот Св Јован на градското пристаниште или на месноста Сараиште се капеа стотици млади охриѓани и ветераните. Некогаш се тркаа по буриња вино, некогаш само ја пееја ВоЈордание и на тој начин го одбележуваапразникот, со кој се отвораше риболовната сезона. На овој ден завршуваше татиљот, забраната за лов на пастрмка. Па од рибниот улов во минатото се спремало чорба, мезе, греана ракија и вино. Последните години се подготвуваше казан од неколку тони рибна чорба и бесплатно се делеше греан…

Јан 20, 2021

Фотоволтаични панели ќе се поставуваат на спортската сала Билјанини извори

Инвестиции во подобра спортска инфраструктута за ова година најавуваат од Агенцијата за млади и спорт. Планираат повеќе проекти во подобрување на условите за тренирање во спортските објекти во земјава. Меѓу спортските центри каде што ќе се инвестира е и охридскиот СРЦ Билјанини извори. Се планира спорската сала Билјанини извори да се затоплува. Со инвестирање во енергетска ефикасност на спортските објекти во земјава, спортистите и публиката нема веќе да мрзнат, вели Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт. „Кај нас салите не се загреваат. Моја заложба е спортските арени …

Јан 20, 2021

Се санираат голем број скршени дрвја и гранки на повеќе локации низ Охрид

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ со полни раце работа после паднатиот снег. Се санираат крошните од дрворедите по ул.„Партизанска“ и „Булевар Туристичка“, дел од гранките се отстрануваат, а другите се санираат. Исто така се уредува шумскиот дел покрај скалите кои водат до Спомен-паркот на револуцијата каде голем број гранки се скршени под тежината од снегот.

Јан 20, 2022

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку …

Јан 20, 2021

368 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 368 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Ное 22, 2021

Владата утре ќе одлучува околу мерките за невакцинираните

Сеуште е неизвесно дали административците ќе мора да се тестираат на ковид од сопствен џеб или да се вакцинираат бесплатно ако сакаат да одат на работа. На главниот координативен кризен штаб на денешната седница не беа донесени заклучоци за мерките коишто Комисијата за заразни болести ги предложи минатата недела. Овие мерки се однесуваат на вработените во јавниот и државниот сектор кои за влез на работното место би морале да приложат вакцинален сертификат со примена најмалку една доза ковид вакцина, или ПЦР тест не постар од 72 часа кој е на трошок на самиот вработен или сертификат дека …

Јан 20, 2021

УНЕСКО: Државата, Југозападниот плански регион и Охрид имаат рок од три години да го решат проблемот со дивите депонии

Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат. Според претходниот извештај депонијата во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на та таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот, оваа препорака треба да се исполни во временска рамка…

Јан 20, 2021

СОБОР НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата. На домаќинот му се …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top