Денес ќе има прекин во снабдувањето со вода за домаќинствата кои се лоцирани на потегот на улиците „Димитар Влахов“ и на дел од улицата „Партизанска“.
Прекинот во водоснабдувањето е поради интервенција на водоводна линија. Ќе се врши промена на главен шибер на објект.
Екипите на ЈП „Проаква“ РЕ Водовод ќе работат на терен во период од 08.30 часот до 13.00 часот.
Добро подготвена стратегија за развој на туризмот, сигурен рецепт за успешна но и продолжена сезона. Тоа го говорат искуствата од земјите во регионот, а го потврдуваат и со факти. Најдобар е примерот со Република Хрватска која само оваа сезона од туризмот инкасирала 9 милијарди евра. Зденка Месиќ од министерството за трговија од Хрватска која неодамна беше во работна посета на Охрид вели дека тоа се постигнува само со вклучување на сите чинители во туризмот како на локалните, така и на регионалните и националните институции, но и со воочување на најбитните проблеми кои треба да се решат,…
Во паркот, во близина на хотел Ривиера утрово беше исечено дрво. Службите на ЈП Комуналец за кастрење и сечење на дрва добиле решение од надлежната општинска комисија да го исчaт дрвото на 19 септември годинава. Комисијата за сечење дрва при локалната самоуправа издала решение за да се исече дрвото заради безбедносни причини. Констатирале дека кедaрот во целост е исушен. Од ЈП Охридски комуналец деновиве до Комисијата за сечење побарале уште една дозвола. Побарале да се исече чинар кој исто така е исушен.Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека ќе ја испочитуваат обврската и на места…
Пет дена до стартот на овогодинешната, традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 1 октомври. Овој настан кој е со широко општествено значење, ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од плоштадот „Крушевска република-Чинар“, а цел на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде продолжуваат спортски, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди.
Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Сре…
Во изминатите 10 дена регистрирани се 7 новозаболени лица од Covid-19 во Охрид.
Во истиот период се пријавени 2 оздравени лица. Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, во Охрид од почетокот на пандемијата се регистрирани 5.032 случаи на лица заболени од Covid-19, од кои активни се 11.
Шпицот на сезоната и продолжениот Илинденски викенд донесоа огромен број гости во Охрид. Мерките за заштита скоро и да не се почитуваат, што секако придонесува за зголемување на бројот на новозаболени лица. Во моментов, градови со најголем број заболени лица во др…
Од АМСМ информираат дека денес поради градежни работи, повторно ќе има прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево.
На магистралниот пат А-2 Кичево–Охрид кај с.Врбјани поради изведување работи на пат (минирање) на 26.09.2016год. (понеделник) сообраќајот ќе биде во прекин 10–15 минути помеѓу 14.00-16.00 часот.
Уништени канделабри во централното градско подрачје во Охрид. На градскиот плоштад од неколку канделабри висат електрични кабли. Тоа не само што претставува грда слика за ова фрекфентно место каде што најмногу циркулираат родители со мали деца, туку е потенцијална опасност по безбедноста на луѓето. Па оттука и оправдани се стравувањата на граѓаните кои ги анкетиравме дека надлежните треба да ги санираат штетите, а несовесните граѓани да престанат да дивеат по општото добро на градов.
„Посебно треба да се внимава, бидејќи многу деца од незнаење можат да ја пикнат раката и да настрадаат“….
Уште во далечната 1099 година арапскиот географ Ал Шариф Ал Идриси ќе напише „Охрид е великолепен град со многу резиденции и митрополии. Распослан на врвот на убав рид покрај големо сино езеро”.
За Охрид пишувале многу патотписци, а најзначајните нивни белешки во изминативе 1000 години конечно се собрани во една книга, делото „Патописците пишуваат за Охрид”., на истакнатиот научен работник, историчарот на уметност со археологија, Гоце Ангеличин Жура. Книга која како вели авторот, сите охриѓани заслужуваат да ја чуваат под перница.
„Оваа книга треба да биде во илјадници примероци , оваа кн…