Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај.
Претходно беа реконструирани улиците „Кузман Капидан“, „Ангел Маринчев“ и „Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.
Целовечерен концерт во рамките на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе одржат романско-германскиот контрабасист Петру Иуга и романскиот пијанист Хориа Михаил. Тие ќе настапат вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Романскиот контрабасист Петру Иуга е еден од најуспешните музичари од неговата генерација. Уште за време на студиите во Романија е забележан од Јехуди Мењухин и Алберто Луси кој го пријавува на Интернационалната музичка академија „Мењухин“ во Гштаад (Швајцарија). Студиите ги продолжува на Високата школа за музика и уметност во Берлин и на Конзерватор…
Промовирана монографијата 40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здруженеито на фудбалските судии во Охрид.
4 децении историја на фудбалскиот спорт во Охрид поместени на 350 страници, збогатени со многу фотографии. Денес беше промовирана монографијата „40 години од формирањето на општинскиот фудбалски сојуз и здружението на фудбалските судии-судиска комисија, од перидот 1976 до 2016 година. Авторот на ова вредно дело е долгогодишниот спортски работник во областа на фудбалот Димче Стојкоски Лепи.„Сите случувања, учества, работата на клубот во сите овие 40 години, поб…
„Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“ беше темата на првата работилница од ваков вид во регионот. На заедничка маса седнаа и разговараа на оваа тема претставници од медиумите и локалната полиција. „Направивме медиумска презентација на полициската работа. Зошто е потребно да се работи поинтезивно на транспарентност, зошто е потребно новинарите да ги почитуваат полициските правила и процедури на терен и зошто е потребно полициските службеници да ги запознаат активностите на новинарите и да ги познаваат нивните права и обврски, да ги почитуваат истовремено и да се придржу…
На училиштето „Браќа Миладиновци“ од Струга му се заканува опасност. Котларата која се наоѓа во оваа образовна институција е стара повеќе од четириесет години, па речиси и да не функционира. Таа е дотраена, руинирана и небезбедна, раскажува директорот на ова училиште, Шкелким Алиу.
Состојбата во котларата внатре е многу страшна и може од една искра да дојде до голем пожар и да дојде до голема катастрофа. Во моментов имаме три тони нафта во резервоарите и страшно е ако избувни пожар може да настрада и училиштето и децата, вели Алиу.Училиштето бара и очекува помош од Министерството за об…
Вакцините против сезонски грип ќе бидат достапни од 27 октомври, јавуваат од Центарот за јавно здравје. Вакцините кои штитат од 3 типа на вируси на грип, кој што според СЗО ќе циркулира во 2016-2017 година, се набавени од холански производител. Се очекува до 26 овој месец да бидат дистрибуирани во центрите за јавно здравје. Иако, досега вакционирањето почнувало порано не е доцна за да се прими вакцина, подвлекува епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. „Периодот кога се јавува најголемиот број на заболени е есен и пролет, и заради тоа се препорачува вакцинирањето да е од октомвр…
Со пригодна свеченост, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Пред присутните денес во големата општинска сала се обрати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Во вакви пригоди, кога ги чествуваме херојствата и слободарските идеали на нашите претци, инспирирани сме и чувствуваме обврска како генарација да продолжиме по нивниот пат и да ја чуваме слободна, суверена и независна Република Македонија, истакна Бакрачески.
„Нашата отвореност, природно се надоврзува на благородната идеја на Европската унија, идејата за Обедин…
Денес 70 семејства од ранливата категорија граѓани на Охрид, добија хуманитарни пакети. Тоа е во рамки на одбележување на Неделата на борба против гладта, која Локалната самоуправа на Охрид традициионално ја спрроведува во соработка со Црвен крст. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека немаштијата и гладта потсетува на тоа дека треба да се работи во насока на отварање на поголем број фабрики каде луѓето би си ја заработувале својата плата „ Оваа недела има две димензии, едната е во будењето на свеста на сите граѓани кои сакаат да помогнат на граѓаните на кои помошта им е потр…