Учениците од ОУ „Григор Прличев“ упатија силна порака до охридскиот градоначалник. Тие од него како човек кој треба да се грижи за општината му препорачаа да го применува процесот на фотосинтеза, односно во градов да биде застапено зеленилото кое испуштајќи кислород преку лисјата ќе го збогати градот со чист воздух. Денес свечено беше пуштен во употреба подновениот и реконструиран кабинет по билологија, проект реализиран преку донација на германската влада и општина Охрид.
„Тоа создаде услови да учениците во ова ОУ се стекнат со можност за поадекватно да пристапат кон изучување на тајни…
Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“. По седумгодишна активна работа на конзервација и ревитализација заврши проектот со кој му се врати сјајот на овоај значаен средновековен споменик и еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во светски рамки. Станува збор за исклучително важен проект спроведен со грант на Фондот за културна заштита на Амбасадата на САД.Kонзерваторските зафати се изведени со највисоки конзерваторски стандарди и со примена на најсовремени техники и материјали. Поставен е нов покрив, нов дренажен систем, заменeти…
Амбасадорот Бејли во Охрид се сретна со првите луѓе на ОК на Вмро Дпмне и со Општинската изборна комисија. Посетата на ОК на Вмро Дпмне беше на иницијатива на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли , а при тоа оствари средба со претседателот на ОК Љубен Арнаудов и пратеникот Сашо Василески. По едночасовната средба амбасадорот Бејли не даде изјава за медиумите, а со изјава се огласи поранешниот пратеник Сашо Васиелвски , кој при тоа истакна дека средбата резултира со единствена цел фер и кредибилни предвремени парламентарни избори.
„На Македонија на 11 декември и требаат …
Општина Охрид нема пари да ја расчисти депонијата Мауцкер за изградба на слободна економска зона. Ова беше одговорот на градоначалникот Никола Бакрачески на прашањето на советничката од НСДП, Верица Хајба, која на последната седница на совет се интересираше зошто во Мауцкер не се изгради најавената слободна економска зона. Градоначалникот одговори дека проценките на количината на депонираниот отпад и потребните средства за расчистување на отпадот на Буково покажале дека се работи за огромни количини депониран комунален отпад и градежен шут во износ од околу 40.000 кубни метри , а за…
Викендов што измина во Зрече, Словенија се одржа А класа теквондо турнирот „Словенија опен 2016“ кој е еден од најјаките и најпрестижни на овие простори. На интернационалниот турнир учествуваа 620 натпреварувачи од 32 клубови од 12 земји.
На турнирот во Словенија македонски преставници беа членовите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец-Охрид кои настапија со вкупно 12 теквондисти. Во Словенија на турнирот репрезентациите настапија со кандидатите за влез во репрезентациите кои донсеаоа квалитетни и неизвесни борби во сите категории.
На свеченето отворрање на турнирот беа првите луѓе …
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 % во однос на Одлуката од 3.8.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.08.2021 година.
М…
Анализите направени од Свис контакт заедно со Регионалниот центар за топлинска ефикасност во последните 2 години за хотелите покажале дека објектите на охридско- струшката ривиера имаат големи трошоци за вода и електрична енергија. Тоа е посебно изразено во зимскиот период и многу објекти се под клуч. Повеќето хотели имаат застарени системи за греење и користат нафта, а немаат и добра топлинска изолација. За да се подобри енергетската ефикасност на објектите со финсиска поддршка на Свис контакт се одржа работилница на која учествуваа хотелиери, министерството за економија и банкари кои…
Хоризонталните сопирачи на брзина во градов се оштетени. Од секторот за комунални дејности нив ги постави во корелација со СВР Охрид со цел да се зголеми безбедноста на пешаците. Посебно се оштетени оние кои се наоѓаат на Булеварот Туристичка и пред основните училишта во градов. Од Локалната тврдат дека хоризонталните забавувачи на брзина се во ваква состојба поради несовесното однесување на возачите.
Во моментов тече акцијата за санација и репарација на хоризонталните забавувачи на брзина. Тоа го прави Секторот за комунални дејности заедно со јавните претпријатија, но и покрај тоа што заф…