Започна вакцинирањето против сезонски грип. Редица од граѓани чекаа пред амбулантата на епидемиологија да се вакцинираат. Најголемиот дел од нив беа повозрасни лица кои кажуваа дека редовно се вакцинираат секоја сезона. Имаше и такви кои за прв пат годинава ќе примат вакцина против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека вакцините кои се примаат штитат од 3 типа на вируси на грип. Според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени во оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Најчесто, се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите со хронични забол…
Охридската модуларна болница е повторно отворена за ковид пациенти од пред неколку денови. Во моментов во Охрид се регистрирани четириесет активни случаи на корона вирусот, а болнички се лекуваат четворица ковид позитивни пациенти. Хоспитализираните лица се на возраст од 25 до 45 години. Еден од нив е со потешка клиничка слика и повремено е на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балески, директор на Општа болница Охрид.
Сите четворица кои се хоспитализирани се помлади луѓе и не се вакцинирани. Не сакале да се имунизираат, одбивале. Неколку се дојдени од странство и таму им било пон…
Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав. Хотелските капацитети во градов во есенскиот и пролетниот период се полнат од овој вид туризам. Охрид со своите убавини е примамлив за гостите токму тука да ги одржат своите конгреси, но во слободното време и да уживаат во тоа што им се нуди. Хотелот Метропол има долга традиција за организирање конференции, семинари и конгреси. Од почетокот на септември до сега се организирани 18 големи конференции и триесетина семинари. За таа цел имаат адаптирано неколку конгресни сали кои ги нудат сите услови за одржување на вакви настани.Повеќето наст…
Денес официјално во употреба беше пуштена долгонајавуваната сензорна соба. Оваа соба која ќе функционира во рамките на ОУ „Св Климент Охридски“ е прва од ваков карактер не само во градот туку и во целиот регион. Директорот на училиштето Јордан Пуроски, искажа благодарност за добрата соработка со Црвениот Крст од Охрид како и на претставникот на Мировниот Корпус, кои се залагале за да ја остварат нивната првичната замисла од пред една година
„Тука ќе можат да ја користат сите ученици од нашето училиште, сензорната соба ја користат учениците кои што имаат потешкотии, кои што се хиперактив…
Судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг, тие мора слободно и независно да ја вршат својата функција. Поддршка за своите одлуки да бараат во моралноста, етиката и законот.
Актуелните случувања на општестевната сцена во Македонија, особено во политичкиот корпус, фрлија сомнеж врз независноста и самостојноста на нашето судство. Судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг, тие мора слободно и независно да ја вршат својата функција, а поддршка за своите одлуки да бараат во моралноста, етиката и законот истакна Лидија Неделкова претседателот на Врховниот суд.
„Судо…
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.10.2016 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да м…
Новото зимско сметање на времето почнува во недела, 30-ти октомври, со поместување на стрелките на часовникот од 03:00 на 02:00 часот во ноќта меѓу сабота и недела.
Зимското време на сметање ќе важи до последниот викенд во март, односно до 30 март.
Зимското сметање на времето за првпат се воведе во 1983 година.
Охриѓани на отворениот ден се сретнаа со инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбата присуствуваа прозиводители на храна, на мед, преработувачи на месо и млечни производи, хотелиери. Секој од својот домен на работа ги изнесуваа проблемите и бараа начини како да се олеснат работите во производството на храна. Беа изнесени проблемите од немање на кланица и локални прозиводители на месо и раиба, со третирањето на свежото месо во хотелите и рестораните. Посочен беше и проблемот кој му се заканува на регионот, а тоа е немање доволно домашна суровина од млеко и месо, и се…